10 фудбалери кои не се родени каде што мислите

Во ера на глобализација, селење кое го имало од секогаш и често натурализирање на репрезентативци, не треба да се збуниме кога ќе прочитаме дека Игуаин не е роден во Аргентина, Роси не е роден во Италија, а Нани е роден во Република Зелен ’Рт. И кај нас има многу што не завршуваат на „ски“.

Рахим Стерлинг 
 
Напаѓачот на Манчестер Сити и селекцијата на Англија е роден во главниот град на Јамајка, Кингстон. Растен е со баба му и на 5 години преселен со мајка му во Лондон
 
Гонзало Игуаин
 
Можеби малкумина знаат дека напаѓачот на Јувентус и првотимец во нападот на Аргентина е роден во францускиот град Брест. Тоа се должи на работата на неговиот татко Хорхе кој исто така бил фудбалер. Цела кариера ја градел во Аргентина со исклучок на една година во Брест.
 
Иван Ракитиќ
 
Фудбалерот од средниот ред на Барселона е Хрват по родители, но поради војната во Хрватска се преселиле во Мохлин, Швајцарија. Ракитиќ таму е роден, растен, а таму ги имал и првите фудбалски почетоци.

Пепе
 
Дефанзивецот на Реал и Португалија е роден во Бразил и токму во Јужна Америка ја почнал кариерата.
 
Патрис Евра
 
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и Јувентус, кој е член на Марсеј, беше дел од француската репрезентација, но е роден во Дакар, Сенегал. По татко е Сенегалец, а по мајка е од африканскиот остров Зелен ’Рт. Кога Патрис имал 3 години се преселиле во Франција поради работата на татко му кој бил димпомат.
 
Нани
 
Луис Карлос Алмеида да Куна познат како Нани не е роден во Португалија, туку во градот Праја, република Зелен ’Рт.

Тиаго Алкантара
 
Син е на Мацињо, поранешен бразилски фудбалер кој има играно за Лече и Фиорентина. Тијаго кој е член на Баерн Минхен, без разлика што татко му е Бразилец, а тој има шпански пасош, роден е во Италија.
 
Дејан Ловрен
 
Дефанзивецот на Ливерпул и репрезентативец на Хрватска роден е во Зеница, БиХ.

Кристијан Бентеке
 
Напаѓачот на Белгија и Кристал Палас е роден во Конго.
 
Џузепе Роси
 
Несреќниот италијански напаѓач кој се изнамачи во кариерата со повреди е роден во Њу Џерси.