Таг: иван ракитиќ

Кога Ракитиќ ќе распали, тоа е празник за очи

Иван Ракитиќ е специјалист за ракети. Пред само две недели распали против Кадиз и сега пак против Бетис. И во двата наврати ја спасува Севиља од пораз. Страшен гол.

Ама им легна на Иско и Ракитиќ

Убави голови паднаа викендов во Шпанија. За сега трите задолжителни кои ги детектиравме се прво оној на Белингем, а потоа и на Ракитиќ и Иско.

Страшна ракета на Ракитиќ и опасен слалом на Езе

Гледаме ревија на прекрасни мајстории за време на летните подготвителни натпревари. Последните два се случија на мечот Севиља - Кристал Палас кој заврши 1:1. Иван Ракитиќ па Езе. Од убав поубав.

Страшна бомба на Ракитиќ против Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Севиља го добија дербито на колото против Атлетико со 2:1 и останаа на втората позиција зад Реал со -5. Резултатот го отворија по само 7 минути игра со спектакуларен погодок на Иван Ракитиќ.

Хрватското волшебство во ЛШ

Опасно друштво на играчи е ова, препознаено од страна на УЕФА. Модриќ, Ракитиќ, Ковачиќ, Перишиќ, Манџукиќ, па се до Бобан, Шукер, Бокшиќ, Просинечки. Првите беа втори во свет, а вториве трети. Плус Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч според ФИФА и Златна топка.

Двајца другари почнале да продаваат ретро копачки, први муштерии Бензема, Мората и Ракитиќ

Има многу вистина во она ништо не е невозможно. За оваа крилатица и тоа како може да раскажат двајца млади другари од Англија кои во краток временски период стигнале до врвот.

Имаше ли пенал за Реал по фаулот од Ракитиќ?

Во првите 20-ина минути од Ел Класико Реал Мадрид изведе неколку корнери по ред благодарение на викторијата пред голот на Барселона. При еден корнер Иван Ракитиќ го влечеше за дрес Рафаел Варан и го спречи во намерата да стигне до топката. Судијата не повика ВАР ниту гледаше снимка.

Бејл го прати Ракитиќ во пензија

Ел Класико дуел на средбата Велс - Хрватска на која Иван Ракитиќ бајаги го изеде, а потоа и неговиот клупски колега Модриќ. Третиот мораше на сопка да оди кога ќе тргне фудбалерот на Реал како товарен воз.

Гласајте за гол на сезоната - кој од кој поубав погодок

УЕФА го означи за отворено гласањето за најубав гол на сезоната 2018/2019. Ќе може да се бира најдобар погодок до 9 август кога се затвора гласањето и ќе биде избран бројот 1.

Карамболот пред голот на Хрватите

Финалистот од Мундијалот во Русија се посрамоти на гостувањето во Унгарија и го загуби квалификацискиот меч со 2:1. Може слободно да заклучиме дека да не беше Ракитиќ ќе беше 3:1. Погледнете ја оваа мешаница пред гол. Прво чист гол спаси голманот, а потоа фудбалерот на Барселона кој реагираше маестрално.

Голот на Ракитиќ кој го прогласија за најубав во Лига на шампиони

По крајот од групната фаза, УЕФА секоја сезона одбира најубав гол. Овојпат признанието го доби хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ за бомбата против Тотенхем на „Вембли“ (2:4).

Како Меси преку Ракитиќ им пратил на Хрватите 30 дреса

Воодушевен од тоа како Хрватите се бореа и играа на Светското првенство 2018, Лионел Меси преку соиграчот на Барса потпишал автограм на 30 дреса и им ги пратил на „коцкестите“.

Седум голчишта од ЛШ кои не се за испуштање

Ако сте гледале мултипренос од синоќешните средби во Лига на шампиони, тогаш сте се изнагледале мајстории во Мадрид, Лондон, Париз и Ајндховен. Ако не сте гледале, тогаш ова е таа задолжителна компилација за вас. Уживанции.

Како им оди на хрватските херои од Светско

Пласманот во мундијалското финале и освојувањето на сребрениот медал за Хрватите не беше никаква случајност. Тоа е збирштина на играчишта кои играат и газат во големи клубови. И пред и по светско, момците се на висина на задачата.

Модриќ е окото, а Ракитиќ срцевиот ритам на Хрватска

Реков дека Лука Модриќ е најкомплетниот играч од средниот ред во светскиот фудбал, но исто толку важен за тимот е и Иван Ракитиќ. Има хрватска душа и швајцарски ум. Има определба и работна етика, но над сè е неговата вештина.

Шутираше пенали полошо од кучето на мајка му, а сега е херој

Кога репрезентацијата ќе ти ја шутнат од Светско, останува да копаш интересни ствари за играчите кои ти играат во првенството. Шпанските медиуми се навратија на една анегдота со Иван Ракитиќ.

Алонсо му продаде на Ракитиќ, Јохан Кројф фора

Бекот на Шпанија нема ништо со холандскиот фудбал или пак со Барселона, туку напрoтив се калел во Реал. Ама ова е тој карактеристичен потег на холандската икона на фудбалот кој имаше страшни вештини. Нормално, само фаул е лекот.

Разговор меѓу двајца господа во пресрет на Јувентус - Барселона

Вечерашното дерби од ЛШ веќе стана интересно за следење уште пред да почне. Во толку големи екипи, има место само за величини од кои цела фудбалска јавност и старо и младо треба да учи што значи респектирање на противникот.

10 фудбалери кои не се родени каде што мислите

Во ера на глобализација, селење кое го имало од секогаш и често натурализирање на репрезентативци, не треба да се збуниме кога ќе прочитаме дека Игуаин не е роден во Аргентина, Роси не е роден во Италија, а Нани е роден во Република Зелен ’Рт. И кај нас има многу што не завршуваат на „ски“.

Најбрзиот и најбавниот во Барселона

Првиот впечаток кога ја гледате брзината со која трчаат фудбалерите на Барса е следен: Нема голема разлика меѓу првиот и последниот или уште поточно секој може да развие 30 километри на час.

На Меси му сметале комшиите, па им ја купил куќата

Поради тоа што постојано биле гласни, пуштале музика и урлале по цели ноќи, ѕвездата на Барселона решила да се отараси од комшиите кои биле под кирија и од сопственикот ја откупил куќата до него.

Рамон Родригез Мончи - Архитектот на успехот на Севиља

Човекот кој 11 години бил резервен голман и 13-то прасе во Севиља, сега е најбараниот спортски директор на светот. Од просечен второлигаш Севиља ја направи светски моќен тим кој освои многу трофеи и заработи грдни пари од трансфери.

Што се случува со Барселона?

На 3. февруари Барселона ја прегази Валенсија со 7:0 во полуфиналето на Кралскиот Куп. На 17. април, Лилјаците славеа 1:2 и така им го нанесоа третиот пораз по ред на Каталонците, нешто што не се случило од февруари 2003. година.