Хајдук го доби Динамо Загреб 1:0 со голот на 21 годишниот Никос Сигур, за делириум на Пољуд каде на големо се славеше победата на дербито.
Домаќините имаа посебна камера која го снимаше само Џенаро Гатузо, почнувајќи од последните мигови пред судијата да свирне крај, па сè до неговото славење на цел терен.
Гатузо славеше во негов стил. Гушкаше и фаќаше за врат кого стигне, а потоа почна да рога топки во публика. Но неговото лудо славење очигледно не продолжува после натпревар.
„Како ќе прославам? Со добра пица која ќе ми ја направи жена ми и со газирана вода, а можеби и со чај со лимон. Не пијам алкохол четири и пол години поради здравствени причини. Сигурен сум дека моите играчи ќе надокнадат за тоа“, изјави Гатузо.
И веројатно надокнадиле, со оглед на снимката која се појави од кафана, каде Ракитиќ со уште еден од тимот слават голи качени на стол.
Инаку од македонските играчи само Стефан Ристовски настапи на дербито. Адеми и Трајковски останаа на клупа.
Хајдук како првопласиран има +7 од Динамо и +3 од Ријека.
Torcida Split 🔴🔵 no derby eterno 🇭🇷
— Wilson Cruz (@wilcrz0026) December 1, 2024
Hajduk Split x Dinamo Zagreb pic.twitter.com/RsaJoJe3qf
01.12.2024🇭🇷BBB (Dinamo Zagreb) pyroshow at away match against Hajduk, click for more here: https://t.co/8VmULBtV7Q pic.twitter.com/nKWr1E9QkJ
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) December 1, 2024
Hajduk Split vs Dinamo Zagreb 1:0#Poljud #TorcidaSplit #HZV 01.12.2024. pic.twitter.com/rnAxeV3f4D
— Innuendo (@spacepretender) December 1, 2024
Hajduk Split fans celebrating the win over biggest rivals Dinamo pic.twitter.com/MtptoPUMS9
— CroatianFootballNews (@CroatianNews) December 1, 2024
— HNLGoals (@HnlGoals) December 1, 2024