Класичните ретро копачки секогаш се популарни меѓу ѕвездите на фудбалот, па на двајца другари им тргнал бизнисот преку ноќ.
Еден од првите кои пред неколку години реши да носи стар модел на копачки беше легендарниот Чави. А младите играчи тргнаа по тој пат, затоа што нивниот идол од детството носел такви.
Во еден момент, двајца другари од англискиот град Девоншир, 19-годишниот Кем Сангстер и 20-годишниот Џејк Селф почнале да бараат стари модел кои веќе одамна не се произведуваат ниту ги има во официјалните продавници за спортска опрема.
МЕЃУ ПРВИТЕ МУШТЕРИИ ИМ БИЛ АЛВАРО МОРАТА КОЈ РАСКАЖАЛ ЗА ДЕЧКИВЕ
Се почнало пред три години. Камерон и Џејк на eBay купиле пар класични копачки за 100 фунти и ги продале во Австралија за 170 фунти. Кем вели дека појма немале за бизнис, ама кога почнале да им пишуваат луѓе, сфатиле „кај лежи зајко“.
Прво заработувале околу 40 фунти за еден пар копачки, а продавале по 2-3 пара неделно. Во еден момент ги приметиле фудбалските ѕвезди.
„Кога ќе ми текне каде бевме пред три години и каде сме сега. Уште не можам да поверувам“, вели Кем.
Ги огласувале копачките на социјалните мрежи, а после му се обратиле на Итан Ампад, нивен врсник кој таа година играл за вториот тим на Челси.
„Го знаевме Итан, од наше маало е. Му дадовме два пара копачки и побаравме да ги објави на Инстаграм. Така за нас дознаа Давид Луиз и Алваро Мората. Шпанецот стана прва ѕвезда во Премиер лига со кој се сретнавме во живо. Буквално се тресевме од возбуда. Како одново да полагаме за возачка дозвола“, вели Џејк, а Ким додава:
„Сега Мората е наш главен клиент. Тој е голем љубител на ретро копачки и патики. Дома во Мадрид има околу илјада пара“.
ОД МАУНТ ДО ЧАВИ, СИТЕ ГИ САКААТ РЕТРО КОПАЧКИТЕ
Алваро Мората им бил одлична откосчна даска во светот на најголемите фудбалски ѕвезди.
„Алваро ни даде толку многу контакто. Еднаш замислете, ме разбуди рингтон ѕвоно. Порака ми пратил Иван Ракитиќ. Помислив: не, ова не може да е вистина. Поверувавме дури кога отидовме кај него дома во Шпанија“, раскажува Ким.
Откако купил копачки од двајцата Анличани, Хрватот решил да ги покани на натпревар на Барса.
„Не праша, како ќе стигнете до Камп Ноу, знате ли како? Рековме дека ќе фатиме такси, а тој рече, не дечки, седнувајте позади. Ќе одите со мене. По пат луѓе скандираа: Ракитиќ! Ракитиќ! и трчаа по колата, а ние седевме на задните седишта. После дојдовме во подтрибинскиот простор кај играчите. Апсолутно неверојатно“.
Откако влегле во фудбалскиот џет-ст, Кем и Џејк работат со еден куп фудбалски ѕвезди. Од нив копачки нарачуваат Чави, Бензема, Обамејанг, Лаказет, Мејсон Маунт, Жоао Феликс, Фил Фоден, Карим Бензема.
Најмногу од сите се купуваат класични модели од крајот на ’90-те и почетокот на 2000-те: Adidas Predators, Nike Mercurials, CTR 360. Многу од фудбалерите не можат да играат во ретро-модели поради договори со производителите, но со задоволство ги носат на тренинг.
„Чави од нас купи пет пара Predator. Носел само еден пар, а другите ги чува за спомен, да го потсеќаат на финалето на Светско првенство и Лига на шампиони“, вели Џејк и продолжува:
„Серж Орие скоро даде 500 фунти за еден ретро модел. Ние правиме многу повеќе отколку само да ги чистиме копачките. Некои модели е многу тешко да се најдат, затоа што се многу популарни меѓу колекционерите“.
Двајцата другари не кажуваат како ги наоѓаат најретките модели.
„Тоа е наша комерцијална тајна, не можеме да откриеме“, велат.
Сега сакаат да стигнат до Роналдо, Меси и Нејмар.
„Замоливме еден играч на ПСЖ да не препорача кај Мбапе. Тој го праша Килијан, ама и Нејмар и Мбапе според договорот со Најк имале забрана да носат стари модели. Тоа некако ни прави потешкотии. Еднаш Чави ни кажа дека зборувал со луѓе од Адидас со кој соработуваше порано и му рекле дека знаат кои сме и со што се занимаваме. Им се допаѓа идејата“.
„Скоро Фејсбук ме потсети на објава стара 10 години. Имав 10 години и напишав: „Не можам да дочекам да одам да го гледам мојот идол Џек Вилшер. И пазете ова, дента кога ми се појави тој пост влегував кај Вилшер дома да му ги предадам копачките што ги нарача. Од идол во детство ни стана наш муштерија за копачките“, раскажува Ким неверојатна историја.