Господинот на сликата се вика Оскар Хернандез, помошник тренер му е на Чави со кој работеше и во Ал Сад. Инаку се работи за постар брат на Чави, факт во кој не верувавме ни 1% сè додека не ни потврди Гугл.
Барселона на лето останува без клупска легенда, голем тренерски потенцијал и фудбалски мозок кој многу добро го познава фудбалот. И со веќе најавен отказ на човекот кој ги води, тимот гази и не знае за пораз од 27 јануари. На последните 13 средби на сите натпреварувања има 10 победи и 3 нерешени.
Едниот си замина од што мораше или затоа што се торковци што не го задржаа до крај на кариера, а другиот кој диригираше на терен, сега диригира од клупа. Каталонците на Твитер денеска се решија за објава со двете легенди, овој пат во различни улоги. Уметност.
Новиот тренер на Барса, легендарниот Чави со победа ја тргна авантурата на „Камп Ноу“ и тоа во дерби против градскиот ривал Еспањол. Победија 1:0 со гол на Мемфис Депај од пенал во 48’ минута. Чави вовел некои новости во екипата, некои се строги принципи ама и некои невообичаени ритуали на тренинг за јачање на морал.
Се искали во нивната феноменална школа, играчки го достигна врвот до ниво на уметност и сега целото богато знаење ќе се обиде да го имплементира како тренер. Интересно видео со мозокот на Барселона, кој веќе почна да ги враќа старите правила во клубот, со кои Гвардиола ги оствари сите успеси.
На 23 мај 2015-та и кажа збогум, на 8 ноември 2021-ва и се врати. Врската меѓу Чави и Барселона е нераскинлива и беше само прашање на време кога ќе се сретнат повторно. Овој пат во нова улога која ја добива во деликатен момент за клубот и играчки и финансиски.
Едниот е во Париз, другиот во Катар, ама на пат за назад, а третиот во Јапонија. Тоа што го правеа заедно треба да се предава како посебен предмет. Само љубоморен фанатик по фудбал знаеше да каже дека нивното било досадно. Уметност број 1, која многу тешко се достигнува.
Мозокот со топка кој 17 години везеше на Камп Ноу, веќе две и кусур години на фудбалски занает ги учи во катарскиот клуб Ал Сад, истиот каде ја заврши играчката кариера во 2019-та. И одлично му оди ако се суди по извонреднaва акција. 8 потези од гол на гол од кои 7 на прва. Совршено одиграно.
На последните пет меча Каталонците имаат само една победа: нерешено со Сосиедад, неубедливо Ел Класико (0:0), нерешено на дербито со Еспањол (2:2), и последна капка која ја преполни чашата е испаѓањето од Супер купот на Шпанија од Атлетико Мадрид.
Има многу вистина во она ништо не е невозможно. За оваа крилатица и тоа како може да раскажат двајца млади другари од Англија кои во краток временски период стигнале до врвот.
Азискиот Куп на нации многу се следи во тој дел од светот. Се стигна до финалето каде ќе играат Јапонија и Катар. Во историскиот успех на Катарците верувал легендарниот Чави кој веќе четврта сезона игра за Ал Сад во катарското првенство.
Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.
На денот на референдумот за независност на Каталонија, луѓе од управата на Барселона барале одложување на мечот со Лас Палмас предвиден за попладнево на „Камп Ноу“.
Не веруваме дека постои играч кој не се воодушевува на играта на ценетиот Чави. Овие ситуации се жив пример како врвниот плејмејкер направи светска кариера со кликер. Ја држи топката колку што треба, посматра, има целосен преглед на играта, сочекува, го менува движењето на телото и ја дава секогаш во точен момент. Со еден збор ова се вика совршенство.
Има 36 години, надвор е од опкружувањето со Меси, Иниеста и компанија и кариерата ја привршува во Катар. Но тоа не е причина да не успее нешто со топка. Во моментов е во Јордан каде ќе спроведе неколку тренинзи за деца - бегалци. Требаше да покаже дека може да жонглира до 100 ( му успеа за 41 секунда), три пати да ја погоди пречката без да промаши и да даде гол не од корнер, туку зад корнер.
БиБиСи направи листа на фудбалери кои во слободно време имат разни, необични хобии. Од Аршавин до Бербатов, неколку играчи одмор од вревата наоѓаат во интересни работи.
Каталонците вечерва му гостуваат на Рајо Ваљекано. Едно потсетување од 2002 година, што го снајде голманот на Рајо кога се обиде да исфрли една топка со глава во полето каде игра Чави.
Повремено гледаме како некои фудбалери ги прекинуваат кариерите поради несреќни повреди, но исто така има играчи кои се чини дека ќе играат засекогаш и вешто ѝ бегаат на пензијата.
Од 2012 до 2015 година дури девет фудбалери кои се производ на легендарната младинска школа Ла Масија, ја напуштиле Барселона и се преселија ширум Европа.
Навивачите на четири големи клубови ова лето плачат. Си заминаа Чави од Барселона, Џерард од Ливерпул, Швајнштајгер од Баерн и Касиљас од Реал Мадрид. Веќе се поретко гледаме луѓе како Малдини, Тоти, Гигс за кои во кариерата постои само еден дрес. Некои се збогуваа и не по своја желба.
Фудбалската академија Ла Масија одлично ги негува своите таленти кои во големата конкуренција се борат еден ден да стигнат до прв тим. Еден од сериозните кандидати за таму е 12 годишниот Чави Симонс.
Маестро Чави утревечер во Берлин го игра последниот меч за клубот со кој е врзан од 11 години. Ако го освои пехарот во ЛШ, тоа за него ќе биде 4-ти и вкупно 25-ти со Барса. Никој не штеди зборови на него.