Чави Хернандез е човекот во кој се крсти цела Барселона, на која и се врати со следнава изјава:
„Барселона не смее да губи или да игра нерешено“, рече уште на првата прес конференција.
Клубот објави видео со него во кое зборува сега, но и како играч. Тоа што ќе се обиде да го примени како вредност, го истакнува уште во играчките денови и им го објаснува на децата на Барселона додека до него стои Иниеста.
Се сеќава на првиот тренер Асенси кој го учел како 11 годишник на навики кои до тогаш му биле необични, а имале за цел како да научи да ги респектира соиграчите и тренерот.
„Секој ден кога ќе дојдеш на тренинг треба да се ракуваш со соиграчите и со тренерот“.
„Напор, жртва, навики, тимска работа, трчање. Ако ги немате сите овие вредности, можеби ќе бидете Барса, но ќе бидете победени.
„Откако Кројф стана тренер, го добивме тоа што е препознатливо во ДНК-то на Барса. Кога почнав во Барса на 11 години, требаше да мислам и да размислувам и пред да примам топка, да имам свесност. Не учеа на сè. Тоа е фудбалска школа, но во исто време и животна школа“.
„Кројф го имплементираше начинот на игра во триаголник, како и контролата на поседот на топка. Најважната работа за тоа е позицијата со број 4. Тој сакаше целата организација да оди преку таа позиција. Сите триаголници одат преку бројот 4 или 6“.
Видеото е кратко, но доволно за да ја објасни основата и суштината на системот кој е всаден во клубот. Чави ќе се обиде да го пренесе и како што вели:
„Веруваме дека најдобриот начин за да се победи е да се игра добро“.
Новите правила на Чави за кои на големо се зборува во Барселона:
1. Нема повеќе приватни патувања (тука најмногу се мисли на Пике).
2. Повеќе поминато време во спортскиот центар.
3. Ззабранети се тренинзи во своја режија за да се избегнат повреди.
4. Обновување на медицинските услуги.
5. Забрането да се преговара за стилот на игра.
6. Воведување контрола на играчите на социјалните мрежи.
За презентацијата клик тука.