Првиот од вкупно 4 гола на Лијам Ван Нистелрој од ПСВ У-19 сезонава во младинската Лига на шампиони бил идентичен на оние кои некогаш со леснотија ги даваше неговиот татко, расниот стрелец Руд. Диран Стам (и самиот син на негкошаниот фудбалер Рони Стам) упатил шут кон голот на Шахтјор У-19, голманот ја одбил топката а Лијам се нашол на право место и ја спровел во мрежа.
Тоа бил единствениот гол на мечот.

Лијам е класичен напаѓач, играч кој умее да ја заврши акцијата сам, кому не треба многу минути на теренот за да остави белег и кој одлично се сноаѓа во слободниот простор. Како некогаш Руд.
Лијам Ван Нистелрој во младинската Лига на шампиони досега дал четири гола за 91 минута односно во просек по 1 на секои 23 минути и тоа со само пет упатени удари на три натпревари.
Liam van Nistelrooij 🆚 Leipzig #UYL https://t.co/vNtmjSp9ck
— UEFA Men's Youth (@UEFAMensYouth) October 13, 2026
De volgende generatie Van Nistelrooij meldt zich in Eindhoven 😍🔥 Liam van Nistelrooij schiet PSV Onder 19 naar de finale van de Otten Innovation Cup ⚽️ 🔗 https://t.co/oJFodwUhSg https://t.co/iIPtos8vqp
— ESPN NL (@ESPNnl) August 15, 2026
По голот против Шахтјор Доњецк У-19, Лијам влегол од клупа за резерви и дал два гола во победата од 6:1 против РБ Лајпциг. Во дуелот со Клуб Бриж влегол во ига во 85' минута при резултат 2:2 а во 87-ма минута постигнал победнички гол важен три бода. На два од три натпревари кои ги одиграл Лијам, ПСВ победил со гол разлика благодарение токму на негови погодоци.

Сега малиот Лиам Ван Нистелрој со својот ПСВ У-19 ќе игра против Реал Мадрид У-19 во младинската Лига на шампиони. Овие два клуба ги спојува тоа што и за едните за другите неговиот татко постигнуваше бројни голови и остави длабока трага.
Во Ајндховен се афирмираше во еден од најдобрите европски голгетери: неговиот учинок од 62 гола на 67 првенствени натпревари од 1998 до 2001 го привлекол вниманието на големите европски клубови.
Од ПСВ премина во Манчестер Јунајтед каде стана вистинска легенда.
Подоцна се врати во Ајндховен на „Филипс Арена“ како тренер. Работеше со резервниот Б тим пред да го преземе првиот тим во сезоната 2022/2023 кога го освои Купот и Суперкупот на Холандија.

На големиот „Бернабеу“ Руд ван Нистелрој стигна во 2006-та година на свои 30 година а веќе во првата сезона стана најдобар стрелец на силната Ла Лига - ја освои вредната награда „Пичичи“ со 25 постигнати гола и ја освои шампионската титула во Ла Лига.
Следната година повторно стана шампион на Шпанија со Реал Мадрид. Постигна вкупно 64 гола на 95 натпревари, освои две титули во Ла Лига и еден Суперкуп на Шпанија. Се смета за еден од најдобрите центарфори во историјата и остана миленик на навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кои и ден-денес се сеќаваат на неговите сјајни реализации.