Наталитетот во САД почна да опаѓа во 2008-мата година (2,1) и денес е на најниско ниво во историјата на земјата ( 1,8).
"Подобрување на стапките не може да биде цел сама по себе а помалиот број на новородени деца не мора да е страшно како што звучи, пишува Елизбет Грегори, автор на книгата "Зошто жените решаваат да родат подоцна".
Таа потсетува дека жените се најпогодени од било какви решенија на тн семејни политики. Притисокот врз младите девојки да раѓаат и со тоа да излезат од образовнаата лента не е добра стратегија. Примерите со Германија, Јапонија и Италија покажуваат дека без соодветна инфраструктурна поддршка за вработените жени, таквите политики пропаѓаат.
Економската криза директно влијае врз стапките на фертилитет, особено кај помладите кои наместо да прават семејство во несигурни времиња, решаваат да продолжат со школувањето и на тој начин да си обезбедат подобри позиции за себе и своите идни деца.
Ваквата одлука е добра и за квалитетот на работната сила во земјата а и за децата кои подоцна ќе ги имаат девојките кои го одложуваат создавањето семејство.
Она што ним им е интуитивно јасно, го потврдуваат и бројките. Економистката Амалиа Милер има утврдено дека за секоја година одложување на добивањето на првото дете, просечна факултетски образувана девојка додава по 12 проценти на својата долгорочна заработка.
Тоа значи дека жена која првпат решава да роди на 30, во кариерата ќе заработи двојно повеќе од колешката од факултет која родила на 22 години (12 проценти x 8 = 96 проценти). Дополнително, оние што решаваат да родат на 30 почесто имаат долгорочен партнер од оние помладите, што значи втор семеен приход и полесно подигнување на децата.
А кога жената заработува помалку, не губи само таа туку губат сите.