Проблемот на телевизиите е што публиката која преовладува кај нив рапидно старее, па сега тие треба да ги убедуваат спонзорите да трошат повеќе пари на постара публика. За споредба, најгледаното шоу во 1993-94 е Home Improvement, со публика со просечна возраст од 34 години. Денес, најгледаното шоу е NCIS, чија публика има просек од 61 година.
"Во период од една генерација публиката на најпопуларното шоу се промени од луѓе кои се на врвот од својата заработка, во луѓе кои се на просечна возраст за пензионирање. Половина од луѓето кои го гледаат НЦИС, најпопуларното шоу на ТВ, се над просечната возраст за пензионирање," пишува Дерек Томсон во Атлантик.
Во моментот телевизијата не стравува претерано бидејќи таа и понатаму собира неспоредливо голем дел од парите од маркетингот. Она за што телевизиите долгорочно не се подготвени е како да привлечат млада публика која повторно ќе почне да гледа телевизија во живо, наместо сегашната навика за гледање video-on-demand на сервиси како Нетфликс, Хулу, Амазон или ЈуТјуб. За сега, телевизиите ја имаат оваа публика само за спортски преноси.