Новиот американски М & М

Во 20-от век, доминанти религии во САД беа католицизмот и протестантизмот. Во првата деценија на овој век, најбрзо растат муслиманите и мормоните.

Бројот на муслимани во САД во последнава деценија се удвоил а мормоните забележуваат сериозен раст од 45 проценти, покажуваат сумираните податоци од самите верски заедници во САД.

За првпат во историјата, муслиманите стануваат побројни од Евреите во средниот запад и делови на југот. Нивниот пораст се должи на новодојдените жители на САД и бројните премини на Ислам. Вкупниот пораст изнесува 160 проценти: 1 милион муслимани во 2000-та, 2,6 милиони муслимани денес.

Бројот на џамии во овој период пораснал за 50 проценти.

И мормоните бележат значаен пораст, карактеристичен по тоа што "освојуваат" нови територии. Порано беа базирана околу Јута, сега се насекаде. Пријавени се два милиона нови следбеници на Мормонизмот, во 295 општини во кои порано ги немало. Тие се најбрзо растечката верска заедница во 26 сојузни држави.

Вкупно, нехристијанските верски заедници забележуваат пораст од 32 проценти во последната деценија.

Најголем пад постои во заедницата на Католиците кои за десет години изгубиле 5 проценти од следбениците. За првпат во историјата, во некои доминантно католички региони се нотирани поголем број погреби отколку крштевки.

Иако огромното мнозинство Американци се изјаснуваат за христијани, сè поголем е бројот на оние кои својата вера не ја врзуваат со некоја црква.

 

* целиот извештај во .pdf - тука

3 мај 2012 - 09:08