Дајте пишете ги во Устав, ќе биде забавно

Во 1995 година, илјадници Бугари чекале да слетаат вонземјани. Дојава дошла од Бугарките Здравка Крумова и Ратка Трифонова кои воспоставиле контакт со вонземјаните и требало во секој момент да слетаат на аеродромот крај Русе. На 11 септември цело Русе било на нозе да ги пречекаат вонземјаните кои требало да ѝ помогнат на Бугарија, а настанот го пренесувала државната телевизија. Меѓу домаќините се раширил муабет дека ќе даваат и пари.

Ратка и Здравка покажале и фоторобот на гостинот од џенем, Вериус Григорис Мајал кој бил министер во владата на вонземјаните. Претседател на платената Криси, пак, да ти се викал Алтивичу Коничи. И тој тргнал накај Русе, ама ќе дошол подоцна.

Кога уважената делегација сепак не дошла во Штрклево крај Русе, Ратка и Здравка одговорноста ја натовариле на плеќи на локалното население, затоа што не сплеле венец и не направиле пита за гостите.

Од тогаш, вели легендата, само Господ може да им помогне на Бугарите.

27 јануари 2024 - 13:26