Неодамна на англиски јазик е преведено дело на ал Катиб Ал Багдади, несомнен авторитет во исламската теолошка мисла и еден од најзначајните интерпретатори на пророкот Мохамед.
"Уметност на упаѓање на журки" се вика делото и во него Багдад не е репресивен и насилен туку расположен,град во кој се пцуе, се кажуваат вицеви, дури и се пијанчи.
И навистина е упатство за влегување непоканет на забави, па авторот препорачува финти што палат:
На пример:
"Влегува човек на нечија забава и домаќинот му вика: 'Кој си ти?'. А овој одговара: 'Јас сум оној кој те поштеди да ми праќаш покана'
или:
"Упаѓа човек на забава и домаќинот му вика: 'Тебе не сум ти рекол да дојдеш'. И добива одговор: 'Ама не си ми рекол ни да не дојдам'".
Книгата е напишана со свест дека дури и на сериозните луѓе им треба мала пауза. Освен забавните упатства за влегување на забави, таа содржи и разумни потсетувања дека гладен човек не треба да се одбива како и сугестии за добри манири, како што е јадење со најмногу три прсти, седење на левата нога на софра, да не се џапа човек по храна, да не зјапа во други луѓе и задолжително да си ги излиже прстите после јадењето.