Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Убиен Али Лариџани, шефот на безбедноста на Иран

17 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Израел објави дека при воздушен напад синоќа бил убиен Али Лариџани, секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност и практично главен командант во војната против Израел и САД. Лариџани наводно бил ликвидиран во засолниште во кое престојувал со својот син.
  • Израелскиот министер за одбрана изјави дека е ликвидиран и Голамреза Солејмани, командантот на милицијата Басиџ задолжена за заштита на режимот во Техеран од домашни закани. „Заедно со премиерот (Нетанјаху) им наложивме на Израелските одбранбени сили да продолжат да го ловат раководството на режимот на угнетување во Иран“, изјави министерот Израел Кац.
  • Иранските власти не ја потврдија веста за смртта на Лариџани и Солејмани.
  • Лариџани последен пат беше се појави во јавноста на 13 март. Тој му беше близок советник на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, 12 години беше претседател на парламентот, а претходно беше главен преговарач на Техеран за нуклеарната програма.
  • Во една од своите последни обраќања, Лариџани се пожали дека Иран не ја добива очекуваната поддршка од муслиманските земји. „Ниедна исламска влада не застана покрај народот на Иран, освен во ретки случаи. САД и Израел од една страна и муслиманскиот Иран и силите на отпор од друга страна. На која страна од оваа битка стоите?“, порача Лариџани.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Глобтротерот од Тафталиџе

Тинејџерска рецензија на социјалните мрежи

Македонски дијалог со ЕУ

Кријте ги бабите, мајките, сестрите... тој доаѓа!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy