Американски професор по право:

Договорот со Грција ви е мачка во вреќа

Од каде да знаат Македонците за што сè се изјаснуваат во тој договор од цели 20 страници?

Френсис А. Бојл е експерт по меѓународна политика и професор на Правниот Универзитет во Илиноис. Имал прилика да го разгледа договорот од Преспа и има ова да го каже:

„Грција и Македонија треба да можат да се договорат околу заедничко прифатливо име без Македонија да треба да потпишува договор од 20 страници, кој практично е скициран од американскиот Стејт Департмент и за кој, дури и на професионален експерт за меѓународно право, би му требало доста време да сфати што тој сè значи и какви сè последици може да има за Македонија.

Како да знаат Македонците за што сè гласаат? Ако гласате за тој договор на престојниот референдум, ние во Америка тоа го викаме купување „мачка во вреќа“. И бидете свесни за фактот дека на Американците никогаш не им било многу гајле што пишува во некој устав кога сакаат да натераат некого да проголта некаков договор“.

Френсис А. Бојл

 

28 јули 2018 - 14:09