„Дијагнозите на Заев“

Краткотраен обид да се наруши угледот на нашиот лидер

Очајот деновиве оди во секакви правци. По нас знаеме; после сите рокенроли, Лу Риди и Клешови, после сите Алан Форди и Монти Пајтони, нам ни доаѓа на сајт да ставаме песни од Петре М. Андреевски! Не дека Петре е крив за нешто, туку зашто тоа никогаш не било наш филм. Е, до толку сме снеможени. Туку, еве еден таков краткотрен крик (го снема за пола саат), јес аматерски и залуден, ама барем склопен на пристоен англиски. Но дискасити.

******

Кога сме кај филмовите....

Кој можеше да се клади дека од сите олоши, муватори и други политички габарити кои биле овде главни, баш Зоран Заев ќе биде оној кој ќе биде избран да ја доигра големата партија?

Дечкото пројде и се шмугна на иста финта на која пројде и се шмугна Вербал (Кевин Спејси), во Usual Suspects.

Вербал? Оној сакатион што пелтечи и е наивен и e уплашен? Па нема шанси да е тој!

Заев? Оној струмичаецот со Глобал, со пиперките, со Цеца? Па нема шанси да е тој!

Јеби га, секоја чест на сценаристите.

20 јуни 2018 - 10:32