***********
Никако не тврдиме дека холандските пари во овој случај биле залудно фрлени. Нашиве својски се имаат намачено за да ги заработат, да не речеме низ нос (оној што треба да го затнеме) им имаат излезено.
Пример број 1:
Пример број 2:
Пример број 3:
***********
Пошто гледаме како ревносно се бават со некои клучни теми од Македонија и галаксијата, и ние им имаме нафрлено пар истражувачки топки, ама пошто не сме спонзори, слабо фајде од тоа:
Назад кон холандскиот амбасадор. Не е проблем тоа што го кажа. Дека овде царува корупција, кралува непотизам, дека нема волја за прави и битни реформи, дека колнењето во ЕУ е само обична димна завеса за лоповлук и дрпање (нешто нивни, многу повеќе наши пари)...
Со мирна совест би го потпишале секој негов збор. Друго нешто нè цима:
- Тоа што ја обопштува и ја „национализира“ вината за тоа што сме вакви (никакви), иако точно знаат каде и кому давале пари.
- Тоа што во 2023 година се чуди каков правец имаме фатено, а во земјава последниве 30 години ниедна битна одлука се нема донесено без нивен ишарет и благослов.
- Тоа што како пример за корупција кај нас знаел да го посочи носењето подароци на учителки за 8- март, ама затоа за Бехтел и Енка, (проект со кој после брутално нетранспарентна процедура, ќе се задолжиме две милијарди евра за ебени 110 километри пат), после едно почетно мрчење, тој и другите од ЕУ мазно тргнаа глава на страна.
За да вежбаме затворање нос и голтање?
Така да, пополека малку со таквиот чалам и глумење невино лале.
* она чалам чисто за потешко да му преведат :)
***********