Луѓе кои купиле вибратори кои лесно се хакнуваат за да ги снимаат и емитуваат вибрирачките навики на корисниците сега си ги чекаат парите за отштета од канадски производител на секс играчки.
Компанијата Стандардни Иновации (какво оксиморонско име, свака час) ќе треба да плати 3,75 милиони долари отштета како вонсудски договор со оштетените за затворање на случајот.
Тужбата наведуваше дека нивниот смарт-вибратор со блу-тут (за да може да се игра преку мобилна апликација) без знаење на корисниците собирал информации кои компанијата ги собирала, веројатно како драгоцени сознанија за светиот грал на корпорациите - корисничкото задоволство.
А тоа пустото имало згодни финти, на пример да може партнер од друг крај на светот, преку својот мобилен да го турира гаџетот и така да учествува во сексуалната игра.
Ама па блу-тутот му бил слаба страна и преку него некој од блиската околина (хинт: комшија) можел лесно непоканет да влезе во играта и да го пресуши меракот.
И така, се стишал ќефот.