Ник Кејв го обвини ББЦ за кастрирање на „Fairytale of New York“, откако овие решија дека на Радио 1 смее да оди само цензурирана верзија на песната. Оригиналот ќе можел да се чуе, ама на Радио 2.
Збор на сопнување е „педер“ (faggot - “cheap lousy faggot)“ а во „испраната“ верзија, наместо faggot доаѓа зборот „haggart“ (клапнат) како што во една верзија од 1992 година ја отпеа Кирсти МекКол.
„Ако зборот педер во меѓувреме станал толку навредлив, наместо шминкање, требало едноставно да ја тргнат песната за таа да го задржи својот бунтовен дух и достоинство“, пишува Кејв во своите Ред Хенд фајлови.
По него „клапнат“ е нонсенс а артистот смета дека со вакви постапки песните се фрлаат на колена и ја губат својата вистина, чест и интегритет.
Авторот на њујоршката балада, Шејн МекГоуан, своевремено кажа дека не му е гајле ако ставаат „биип“ на песната (додуша нему не му е гајле ни кога на сцена прстите му горат од пикавецот), но цензорското шминкање го смета за кретенизам, потсетувајќи дека тоа е песна напишана со искрено чувство за маргинализираните и обесправените
„Таа песна не патронизира туку ја зборува вистината преку двајцата ликови кои ги живеат своите осамени и очајни животи наспроти големите божиќни ветувања за топол дом, насмевки и убаво расположение“.
************
Види и: