- Доналд Трамп објави порака до „големите НАТО фанови“.
- Плаќаа 2 посто а ни тоа не го плаќаа. Ги натерав да плаќаат 5% иако тврдеа дека тоа не е можно.
- Без мое ангажирање, Русија сега ќе ја имаше цела Украина.
- Иако своерачно запрев осум војни, Норвешка, членка на НАТО, будалесто реши да не ми даде Нобелова награда за мир.
- Русија и Кина имаат нула страв од НАТО без САД.
- Се сомневам дека НАТО би ни се нашол ако ни затреба.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.