"Бевме прилично изненадени кога откривме дека степенот на насилство меѓу емотивните партнери од ист пол е константно повисок отколку оној кај хетеросексуалците", вели Ричард Керол, психолог и автор на студија на тема домашно насилство која се потпира на податоци за 30.000 лица.
Заинтригирани од она што го утврдиле, истражувачите од Чикаго решиле да проверат кои би биле можните причини за ваквата ситуација и како едно од објаснувањата го наведуваат стресот од тоа да се биде малцинство.
Надворешните стрес фактори се дискриминацијата на хомосексуалците а внатрешните се должат на интериоризирање (повнатрешнување) на негативните ставови кон хомосексуалноста.
Второво, сметаат психолозите, е особено штетно, кога негативните чувства што ги има кон себе (бидејќи е геј), хомосексуалецот ги проектира на неговиот партнер.
На ниво на поединци, прикривањето на ваквите случаи се должи на тн феномен "double closet" кога насилството не се пријавува од страв околината да не ја открие тајната хомосексуалност, а геј заедницата ретко зборува за овој проблем во своите редови, најверојатно страхувајќи дека тоа дополнително ќе ги демонизира и ќе им даде екстра муниција на оние кои ги хејтаат сметајќи ги за болни или изопачени.