Иако потиснувана, хомосексуалноста ретко е системска жртва на насилство во православните општества, можеби е затоа што православните цркви не ги анатемизираат хомосексуалците експлицитно. Ставот на православието кон хомосексуалноста е повеќе став на молк (во споредба со западните цркви). Дечково нема проблем да биде православен геј. Напротив, токму во православниот концепт на личноста, тој си наоѓа место како геј во една религија.
Африканската земја имаше шанса малку да глуми нормалност и да ја укине мерката која на властите им дозволува да им прават анални проверки на мажите за да утврдат дали тие се геј или не. Ама не, кенискиот суд одлучи дека проверките не се ни тортура, ни деградирање.
Еден од потрофејните играчи во историјата на Челси бил близу одлуката да го напушти фудбалот затоа што му извадиле муабет дека е хомосексуалец и упорно го навредувале по сите стадиони во Премиер лигата.
„Филм за лезбејска љубов" е точен, но прилично површен опис на она што се случува во „Керол", филмот на Тод Хејнс номиниран за шест оскари. Книгата нуди малку подетален увид во контекстот на приказната и во политичките ставови на нејзината авторка.
Фактите го напукнуваат објаснувањето дека домашното насилство е исклучиво производ на сексизмот и застарените патријахални модели на мислење и однесување. Истражувања покажуваат дека меѓу истополовите двојки, насилството е дури поголемо отколку кај хетеро двојките.
"Да пукне" е глобален и сеприсутен поздрав. Се простира преку сите меридијани и паралели, функционира во сите социјални контексти, како универзален знак за добро завршена работа. Во животот на оној кој прв го смисли, лежат храбри но тажни приказни кои се за сè друго, само не за "да пукне".
Последната деценија во САД значајно се измени ситуацијата во полза на поддршка на геј браковите. Но, огромен дел од они кои поддржуваат вакви бракови, и натаму мислат дека сексот меѓу припадници на ист пол е неморален.
Контроверзите околу рускиот закон со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста фрлаат дебела сенка врз Олимписките игри во Сочи. Дузина разумни политичари, меѓу кои и Барак Обама ја критикуваше земјата за анти геј регулативата. Едноставно, на луѓе не им се верува дека во 2014-та година, една модерна индустриска земја може да има ваков средновековен речник во своите закони:
Тешко ни е некако за верување, но Џиџи Буфон и Кристијан Виери имаат изјавено дека и со милиони во џеб и манекенки во кревет фудбалерите имаат кризи во животот. Над половина од анкетираните играчи од Серија А тврдат дека депресијата им претставува најголем проблем.
Рускиот закон воведен во јуни оваа година кој забранува „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи", најчесто се спомнува во контекст на претстојната Олимпијада во Сочи. Но сега тој стана причина за (авто)цензура на нов биографски филм за славниот композитор.
Фудбалската федерација на Нигерија донесе одлука да ги суспендира лезбејките од репрезентацијата и во иднина ќе работат со клубовите на целосно „чистење" на женскиот фудбал. Во делови од Нигерија на хомосексуалците им се заканува и смртна казна.
И, како што почнасмо да једемо кајгану сас сирење и ѓус од помаранџу, фатисмо муабет на тему ''хомосексуалци''. Што ни требаше так'в муабет рано сабајле, не знам, ама ете, и тој дојде на ред. Све оправисмо у државу, и још тој остана нерешено.
На удар на често пати досадното геј лоби се најде и култниот Сер Ричард Дејвид Атенбороу. Што е па тој кабаетлија? Ги игнорирал хомосексуалните животни.
Според важечките норми, мажите не се допираат многу-многу. Ракување, кратка прегратка - тоа е прифатливо. Но хетеросексуални мажи да се држат за раце или да се фаќаат околу струкот? Тоа е во најмала рака необично. Сепак, не било отсекогаш така.