Промената на американското општество во однос на ЛГБТ прашањата изгледа дека не е во областа на моралните промени туку дека е прашање на толерантност. Едноставно, луѓето веќе не ги занима што се случува во туѓа спална.
Денешните млади двојно повеќе ги поддржуваат истополовите бракови во однос на нивните баби и дедовци. Вклучувајќи ги и оние млади кои се идентификуваат како Републиканци.
Многу религиозни Американци го смениле својот став кон овие прашања од 2003-та година, па мнозинството Евреи, протестанти и бели како и хиспано католици денеска ги поддржуваат овие бракови, Од 1999-та година, пропорцијата на граѓани кои се за геј посвојувања е зголемен за 20 процентни поени.
Сепак, на крајот на обемното истражување од кое се изведени овие показатели, стои една чудна вистина. Дека мнозинството луѓе кои поддржуваат геј бракови и натаму сметаат дека ваквиот секс е неморален.
Мнозинството е мало, но сепак е мнозинство. Регионалните разлики се битни: половина Калифорнија или Флорида нема никаков проблем со геј односи, во Тексас толерантна е само една третина.
Пред една децнија, практично не постоеше дистинкција меѓу јавниот и приватниот живот. Во тоа време, 62 процента Американци тврделе дека геј браковите ги кршат нивните религиозни убедувања. Денес тој процент е помал но дури и оние кои уште сметаат така, веруваат дека нивните религиозни чувства не треба да одредуваат кој со кого ќе стапи во брак.