* Содржините кои ги усвојуваат локалните училишни бордови мора да се во согласност со државните правила за забрана на промовирање на хомосексуалноста.
* Пропагирање хомосексуалност меѓу малолетници се казнува со административна казна.
* Ниеден одбор не смее да прифати програма кој 1. Го промовира хомосексуалниот животен стил. 2. Ја потретира хомосексуалноста како позитивен алтернативен начин на живеење.
* Инструкциите поврзани со сексуалното образование или сексуално преносливите болести треба да истакнат дека од перспектива на јавното здравје, хомосексуалноста не е прифатлива за општата јавност и дека хомосексуалноста е кривичен престап.
Вашингтон Пост пишува:
Пред да почнеме да фрламе со дрвја и камена по руската легислатива, треба да знаете дека од горенаведените, само втората точка е од руски закон.
Останатите три се извадоци од американски закони.
Јута ја забранува промоцијата на хомосексуалноста. Аризона го забранува преставувањето на хомосексуалноста како позитивен начин на живеење. Алабама и Тексас обврзуваат сексуалното образование да нагласува дека хомосексуалноста не е прифатлива за јвноста.
Во последниве две држави хомосексуалниот чин уште се смета за кривично дело иако криминализирање на приватниот, доборволен хомосексуален чин е прогласено за противуставно уште во 2003-та година.
Во осум американски сојузни држави важат различни верзии на "no promo homo" регулативи, најчесто пишувани за заштита на децата, слично или истоветно како во Русија.
Весникот потсетува дека дури и законодавците вистински да веруваат дека хомосексуалноста е лош избор на начин на живеење, државата не е таа која треба да го уредува тоа прашање.
Во пресрет на Зимските Олимписки игри во Сочи, многумина влијателни кругови во САД бараат од претседателот Обама да не ги пушта спортистите во земја во која хомосексуалците се стигматизираат.
Би можел прво да им забрани да одат во Алабама или Тексас.