Таг: хомофобија

Италијанскиот Сенат го закопа законот против хомофобија

Законот со кој насилството против ЛГБТ лицата и мизогонијата во Италија требаше да се квалификуваат како злочин од омраза, беше одбиен во Сенатот со над 154 гласови од 315 можни.

Ако фудбал се прекинува заради хомофобија, кој ќе му каже на судијата дека е педер?

Првиот човек на француската фудбалска асоцијација објави дека им дал инструкции на судиите повеќе да не ги запираат натпреварите заради хомофобно навивање од трибините, затоа што „хомофобија не е исто што и расизам.“

Во Франција активно се прекинуваат натпревари поради хомофобни пароли

Натпреварот од 3 коло на француската Лига 1, Ница - Марсеј бил прекинат во текот на првиот дел откако судијата Клеман Турпен со помошниците забележале непримерени пароли на трибините.

Расистот од Америка кој стигна до четвртфинале на Australian Open

Спортската јавност и натаму се интересира за тенисерот кој се вика, верувале или не, Тенис Сандгрен и доаѓа од САД. Во Европа и не е нешто познат, ама во Америка околу него се водат жестоки дебати меѓу левицата и крајната десница.

Грем, дојди и штипни ме за задникот

Еден од потрофејните играчи во историјата на Челси бил близу одлуката да го напушти фудбалот затоа што му извадиле муабет дека е хомосексуалец и упорно го навредувале по сите стадиони во Премиер лигата.

Студената војна и жената со брада

Повеќенасочните хејтања која ги предизвика појавата на Кончита е само мачкање очи пред еден многу посериозен глобален судир. Кончита стана повод за поделба на Европа а гласањето за или против неа стана травестиран референдум за или против Русија.

Американското лицемерие за руските анти-геј закони

Контроверзите околу рускиот закон со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста фрлаат дебела сенка врз Олимписките игри во Сочи. Дузина разумни политичари, меѓу кои и Барак Обама ја критикуваше земјата за анти геј регулативата. Едноставно, на луѓе не им се верува дека во 2014-та година, една модерна индустриска земја може да има ваков средновековен речник во своите закони:

Општо добро, како за кого

Кога на тапет е државната нетолеранција на хомосексуалците, благодарејќи на притисокот од западните медиуми, Русија е првата асоцијација. Оти па Комонвелтот се поарни.

Германските навивачи бараат либералност на стадионите

Според истражувањата на „YouGov " компанија која се занимава со јавно мислење, половина од анкетираните фанови од Германија сметаат дека ФИФА и УЕФА не се ангажираат доволно во борбата против расизамот и хомофобијата.

Со шарени врвки на копачките против хомофобија

Фудбалерите од Англија и Шкотска наредниот викенд можно е да ги видиме сите со исти врвки на копачките со цел да ги поддржат своите колеги хомосексуалци.

Нигерија забрани лезбејки во фудбалот

Фудбалската федерација на Нигерија донесе одлука да ги суспендира лезбејките од репрезентацијата и во иднина ќе работат со клубовите на целосно „чистење" на женскиот фудбал. Во делови од Нигерија на хомосексуалците им се заканува и смртна казна.

Отпуштен цел тим заради хомофобија

Шведскиот нисколигаш Сорскогенс реши да ги отпушти сите играчи од првиот тим затоа што ги навредувале играчите од спротивниот клуб чиј тим е составен само од претставници на ЛГБТ заедницата.