Инцидентот се случил на натпревар од седмата шведска лига помеѓу Сорскогенс ИФ и Стокхолм Снајперс, клуб кој ги промовира правата на ЛГБТ заедницата и на овој натпревар нивниот тим бил составен само од хомосексуалци.
За време на натпреварот фудбалерите на Сорскогенс ги навредувале противниците со хомофибични коментари како „сите вие имате СИДА", или „и ние ќе се заразиме од вас" и серија други коментари кои не се пристојни за да ги напишеме тука.
По завршувањето на натпреварот фудбалерите на Стокхолм Снајперс се плашеле да ја напуштат својата соблекувална и повикале полиција.
Шведската фудбалска федерација му изрече казна на клубот во висина од 755 долари, но управата била разочарана од постапката на своите фудбалери и решила да го отпушти целиот тим.