Хомосексуалноста е нелегална во 41 од 53 држави на Комонвелтот, заради што на претстојниот состанок на шефовите на држави на Комонвелтот, соодветно НЕМА да се разговара на оваа тема.
"Ако го земеш светот како целина, во околу 40% од нациите хомофобијата е поддржана од државата. Половина од нив, 54%, се во Комонвелтот," објаснува портпаролот на Kaleidoscope Human Rights Foundation, Даглас Претсел, кои го објавија извештајот.
Од организацијата објаснуваат дека најголемиот дел од анти-геј законите во овие земји се уште на времето увезени од Британија. Сепак ова не е доволно за проблемот да биде на дневниот ред на состанокот од 15-ти до 17-ти ноемрви.
Во извештајот се наведени голем број случаи на насилство и дискриминација против ЛГБТ популацијата во повеќе држави на Комонвелтот. Меѓу нив е и убиството на човекот кој го започна движењето за промена на законите во Белиз.
"Ова е голем проблем за Комонвелтот и мора да биде земен во предвид. Не само што овие закони се спротивни на човековите права, тие се и сериозна пречка на секоја стратегија против ХИВ епидемијата," порачува Претсел.