Бендот ангажирал фирма која се занимава со експертиза на податоцит од БитТорент само за да добие информации каде тоа нивната музика е најслушана, односно најпиратирана за потоа да го одреди концептот на своја концертна тура. Епилог: растуриле во Централна и Јужна Америка, надсвирувајќи го целиот британски музички сектор а добиле признание и од лондонската берза.
Лондонската фирма Мјузикметрик им покажала огромен торент трафик на нивни песни и албуми во Бразил, Мексико, Венецуела, Колумбија и Чиле што соодвествувало со нивната бројка на Твитер и ФБ фанови во овој дел на светот.
Наместо да пратат адвокати, сами отишле таму и направиле серија извонредно успешни концерти. Само во Сао Паоло заработиле 2,58 милиони долари, што од влезници, што од маици и тракатанци.