Ако сакате да го гледате својот омилен светски артист, наредната година тоа може да ве чини неколку стотици па и илјадници долари. За големите тоа не е проблем. Тeјлор Свифт за само 24 часа продала 2 милини влезници, викаат било полесно да се набави пиштол отколку карта за нејзин концерт.
На денот на нападот во Париз се обидовме да видиме дали има некаква врска помеѓу името на бендот кој свиреше таа вечер во Батаклан, и мотивите на напаѓачите. Таква врска изгледа нема, но има една друга - дека тероризмот е во спротивност на идеалите на музиката и на уметноста воопшто.
Минатата недела се одржа првиот концерт на класична музика на кој беше дозволено, па дури и пожелно, да се пуши марихуана. Не, не кај нас. Во Денвер, Колорадо.
За првпат во својата историја, Ролинг Стоунс ќе свират во Израел. Роџер Вотерс и Ник Мејсон (тапанарот на Пинк Флојд) сметаат дека е тоа исто како да се свири за режимот кој спроведуваше апартхејд во Јужна Африка
Белградската филхармонија и без поранешниот директор Тасовац кој ја напушти за да стане министер за култура, продолжува со откачени проекти. Утре (7. февруари) таа ќе го изведе Мотоциклистичкиот концерт за тромбон и оркестар.
Бендот собрал прецизни податоци за тоа во кои места најмногу е пиратирана нивната музика. Но, не за да се ебаваат по судови и да тужат туку за да знаат каде да закажат концерти. Заработиле милиони.
Бела Антон Леош Флек е американски музичар, според многумина еден од најиновативните и технички најспремните свирачи на бенџо. Неговиот нов албум се вика „Измамник" (The Impostor).
Ролинг Стоун собира панел од новинари, луѓе од музичката индустрија и музичари, кои треба да кажат кој според нив прави најдобри концерти во моментов. Шефот владее со светот.
Од брендот, стадионските концерти и мегатурнеите, кај Ролинг Стоунс сè е големо со гигантски размери. Освен кога ќе решат да се загреат на клубска сцена и пред само пар стотина луѓе да ги спраштат своите најдобри песни. Е па, синоќа, во Л.А.