Картите за концерт на светски познатиот Бед Бани, чија турнеја Билборд ја оцени како најдобра за 2022-ра, чинеа 250 долари во просек. Магазинот Пулстар утврдил дека влезниците за топ-изведувачите во 1996-та изнесувале просечно 28,50 долари, просекот денес е 108 долари, што е значителен пораст (18%) и во однос не времето пред ковид.
Освен што растот на цената ја следи пазарната логика (цените растат кога побарувачката е зголемена) скокот е резултат и на пост-пандемиската реалност. Турнеите беа ставени на пауза за време на рестрикциите, па артистите сакаат да надокнадат и ги преплавуваат концертните сали што ја крева цената за нивно изнајмување. За сите вклучени да бидат „на свое“, потребно е да се продадат 80% од картите.
На тоа се надоврзува и фактот дека и за артистите, како и за сите вклучени во организацијата на еден настан, важат поскапувањата што важат за сите луѓе.
„Одењето на турнеја денес чини 30 до 40 проценти повеќе во однос на пред пандемијата, а бидејќи музиката е речиси бесплатна, тоа е единствениот начин на кој заработуваат уметниците“, вели Д-р. Адреа Луома, предавач на програмата за менаџмент на Универзитетот во Монтанта.
Онлајн платформите за купување билети, како Ticketmaster, користат „динамични цени“ чија цел е да се максимизира профитот. Во случајот со Тејлор Свифт, на овој начин некои карти се продавале и над 300 долари. Таа е популарна кај младите кои на концерт често одат со родители па тоа се веќе 900 долари само за влезници.
Таа годинава постави рекорд со 2 милиона продадени влезници за само 24 часа, Луома изјави дека полесно било да се набави пиштол одошто карта за нејзината турнеја „Ерас“.