Ако сакате да го гледате својот омилен светски артист, наредната година тоа може да ве чини неколку стотици па и илјадници долари. За големите тоа не е проблем. Тeјлор Свифт за само 24 часа продала 2 милини влезници, викаат било полесно да се набави пиштол отколку карта за нејзин концерт.
Точно е дека во Серија А и Бундеслига е поевтино, ама англиско не е толку огин како што се мислеше. Па 53% од билетите се 30 фунти или помалку, а најмногу ушпаруваат оние кои инвестираат во годишна, ама кога ќе ја купат предвреме.
Германците се доста грижливи за џебот на навивачите, а одличен напредок се јавува и кај француските фудбалски власти кои ќе им излезат во пресрет на оние кои одат на гостувања.
Манчестер Јунајтед и Барселона веќе одиграа едно полувреме од четвртфиналната пресметка во ЛШ од која стапот го изедоа навивачите на двете екипи. Додуше повеќе шпанските навивачи, освен ако Барселона не го ископира Јунајтед.
Македонската фудбалска репрезентација е во серија каква што не паметиме, влезе максимално мотивирано во новото натпреварување кое ни ги отвора вратите за Европско и пак мора да се утне нешто, во случајов организациски.
Ако вечерва случајно падне некој автогол во Лига на шампиони, да знаете дека не може да биде помалерозен од оној на еден навивач на Бешикташ. Човекот сакаше само да оди на стадион и да усреќи голем број на пријатели и колеги. Му преостанува да се смести на кауч.
Иако со години наназад ги бие глас дека претеруваат со цените и нудат најскапи карти во Европа, сепак тоа не е баш така. Со понудите кои ги имаат клубовите, навивачите со сезонски билети заштедуваат 10 милиони фунти во една сезона.
И покрај големиот број на реакции во медиумите и социјалните мрежи и слабата посетеност со Зенит, управата на ФК Вардар не попушта со цените за натпреварот против Реал Сосиедад во Лига Европа.
Од македонскиот шампион соопштија неколку детали околу претстојниот мега-дуел во рамките од плејофот за Лига Европа. Цената на влезниците предизвика бурни реакции кај љубителите на скопскиот клуб.
Најдобриот показател дека Серија А во изминативе неколку години има проблем со посетеноста на натпреварите е долната линија по која упорно се движат бројките на продадени годишни влезници.
Онаа шупана кај стадион карши Томче Софка живи нервози ни правеше со години додека чекавме карти во колони бидејќи беше само таа и имаше 2-3 шалтери. Сето тоа веќе со години во светот оди онлајн, но има моменти кога не те спасува ниту хакер.
Ем реклама, ем добро потрошено време дур се клацкате низ градскиот превоз - книги со десет гратис возења, и картичка која потоа може да се надополни или да подари.
Европската куќа на фудбалот означи старт за сите заинтересирани кои од денес ќе може да аплицираат за карти за првиот Еврошампионат кој ќе се игра со 24 репрезентации.
Во пресрет на новата сезона во Серија А, слабо се полни и касата на Милан кој има продадено помалку годишни влезници од Сампдорија. „Росонерите“ пред 10 години привлекоа три пати повеќе публика од сега.
Италијанскиот олимписки комитет донесе историски чин и од сега како и за сите навивачи, така и за парламентарците ќе важи истото правило. За сите спортски настани кои се одвиваат на територијата на Италија тие ќе мора да си набават влезница.
Негодувањата на фановите се однесуваат на вчерашното гостување против Арсенал, каде нивното присуство на „Емирати" стадионот чинеше 62 фунти. Пред само неколку кола поради истата сума „Граѓаните" на Арсенал му вратија околу 900 влезници.