И додека кај нас политичарите се тепаат да дојдат до гратис ВИП карти за да бидат видени на спортските манифестации и да присоберат по некој глас за избори, Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ) одлучи да им ја скрати оваа привилегија на политичарите на чизмата.
„Со цел да се избегнат злоупотреби за услуги и да се скратат привилегиите на политичарите, Италијанскиот олимпински комитет олдучи повеќе да не им издава картици на пратениците и сенаторите со кои имаа бесплатен пристап до сите спортски настани кои се одвиваат на територијата на Италија", стои во соопштението на КОНИ.
Оваа иницијатива најмногу ја поддржа претседателот на Лацио, Клаудио Лотито кој долго време учествуваше во битката, редовната публика на стадионите и политичарите да имаат ист третман. Потегот на КОНИ го нарече етички, но и дека спортот има голема вредност која мора да се почитува.