Малерозниот турски навивач и неговите 126 несреќници

Ако вечерва случајно падне некој автогол во Лига на шампиони, да знаете дека не може да биде помалерозен од оној на еден навивач на Бешикташ. Човекот сакаше само да оди на стадион и да усреќи голем број на пријатели и колеги. Му преостанува да се смести на кауч.

Ердем Бесли е најтажниот и најнесреќниот навивач на Бешикташ кој вечерва требаше да оди на Алијанц арена за да го гледа натпреварот против Баерн Минхен. Но наместо тоа тој си постигна до сега невиден автогол.
 
Турскиот навивач купил 127 билети кои биле наменети за негови пријатели и колеги, но од билетите никој не знае каде се.
 
Тој заминал на пазарење во супермаркет, а картите ги држел во рака. Откако го наполнил автомобилот со кеси, тргнал накај дома, но потоа сфатил дека туцето со билети ги заборавил на кровот од колата и така возел.
 
Бесли во очај се вратил пред супермаркетот за да ги бара, но ја нашол само хартијата со која биле завиткани.

Потоа пријавил во полиција, но за малерот да биде поголем тој може да се соочи со казна, бидејќи картите не ги купил на билетара, туку на црниот пазар на интернет.
„Пред да се купат билети од несигурни извори, полицијата предупредува дека купувачот може да биде подложен на обвинение“, наложуваат германските закони.
Билети преку официјалниот фан шоп на Баерн Минхен повеќе нема, така што на Турчинот и неговите 126 несреќници им преостанува да се соберат во паб.
20 февруари 2018 - 14:56