Како да ги извадиш од памет навивачите со карти

Онаа шупана кај стадион карши Томче Софка живи нервози ни правеше со години додека чекавме карти во колони бидејќи беше само таа и имаше 2-3 шалтери. Сето тоа веќе со години во светот оди онлајн, но има моменти кога не те спасува ниту хакер.

За навивачите на Рос Каунти следниот викенд е голем фудбалски ден. Како последен на табелата нивниот тим му гостува на лидерот Селтик кој инаку во јануари годинава го елиминираа од Лига Купот.

Но гостувањето на навивачите виси на конец. Веб сајтот на Рос Каунти му се случи доста зафркнат error или поточно сајтот им е избришан. Проблемот лежи во серверите на интернет компанијата инаку најголема во Велика Британија која одржува 1,7 милиони сајтови.

Тоа создаде хаос меѓу навивачите бидејќи се случува во деновите кога има најголема навала за купување на онлајн билети. Еден од директорите на клубот изјавил дека нивниот гаф е во најнесоодветното време поради мечот кој се ближи против Селтик.

„Онлајн продажбата на карти, купување на спортска опрема, резервацијата на автобуски места како и разни други информации за мечевите одат преку нашиот сајт. Овој проблем сега целосно ги комплицира работите, а за луѓето кои имаат работно време од 9 до 17 не е лесно да дојдат на лице место бидејќи не им е блиску на сите“, вели Конор.

Тој ги уверува навивачите дека компанијата ги прави сите напори за да го врати сајтот во употреба и да ги спаси сите процеси за купување карти. Додека се реши проблемот информациите мора да одат телефонски.

19 април 2016 - 16:45