Пренесуваме колумна на Елвис Џ. Куртовиќ посветен на Чкаља, во која освен на неговиот живот и дело се потсетуваме и на историјата на тогаш нашата, југословенска радио-телевизија, и на хумористичните емисии во живо, заради кои неделните улици остануваа празни.
Доаѓа 1. април. Денот на шегата и, случајно или не, роденденот на Чкаља.
Се враќам по малку во детство. Благодарејќи му на интернет сега можам повторно да ги погледнам и старите хумористични серии со кои пораснавме, и чии финти ги прераскажувавме во школо.
Античка драма, антички шунд
Слично како и во случајот со Мишо Ковач, кој сега, во педесетата година од животот, ми е драг исто како и кога бев мал, почнав да уживам и во глумата на исклучителниот уметник Миодраг Петровиќ Чкаља.
Проучувајќи го по интернет неговото дело се потсетив на фактот дека овој љубимец на публиката не беше особено фален од критиката. Пред да ја објасниме Чкаљината виртуозност, мораме да се позанимаваме со разликите помеѓу комедијата, трагедијата и драмата.
Неодамна гледав една класична грка трагедија во тукашниот театар. Со многу ентузијазам и воодушевување почнав да гледам претстава во која бивша кралица сега е обична робинка, и на неа секоја вечер ù се реди цела чета непријатели (во прашање се Атина и Троја).
Како што ме учеа во школо, до мене допре „катарзичната улога на трагедијата", па од претставата требаше да излезам „прочистен и ослободен". Но по половина час заплет од типот „мајката и синот кои тоа не го знаат се работат", „се премажи за непријателскиот крал, а тој и ги уби децата" итн. итн., сфатив дека овие трагедии се настанати во време кога немало „црна хроника" по весниците, и дека тие биле шундот и кичот на антиката. Тие биле сапуници и хорор филмови на старото време, каде старите Грци биле преплашувани со приказни од пред стотина години „кога они нам ни ја е..мајката".
Можеби таа моја мисла ја поттикна и појавата на глумци на театарската сцена кои инаку постојано ги гледаме на ТВ во сапуници, кои старата античка трагедија брзаат што побргу да ја завршат, веројатно за да стигнат да се одморат за снимањето на сериите..
Драмите (во кои Миодраг Петровиќ ретко глумеше) беа за „природата и општеството" исто така поприфатлива форма од комедијата. „Епопеите" од народноослободителните борби беа многу ценети, и голем број осредни уметници фино живееа од „неисцрпната тема - борба на народот против окупаторот".
Пионер на хумористичката продукција
Но, ние како деца најмногу ги сакавме комедиите. Сега гледам дека сме биле во право, и дека во нив имало помалку шупливи приказни отколку во другите, од режиот поддржувани форми. Не само затоа што беа смешни, туку и затоа што ги „зезаа шупците", оние тогаш современите шупци, а не некои окупатори од пред сто години.
Миодраг Петровиќ Чкаља бил фасциниран од театарот уште како дете во родниот Крушевац (роден 1924.). Ги гледал популарните актери кои доаѓале на гостување.
„Мислам дека тие сакаа да доаѓаат во нашиот град. Веројатно им се чинеше како некое ветено место. Тука можеа да соберат малку повеќе пари, за подоцна да го откупат она што некаде морале да го заложат. Претставите секогаш беа преполни. Така ги стекнав првите сознанија и импресии за театарот, и го засакав засекогаш. Глумата стана мојот голем сон", ги цитира зборовите на Чкаља Драгана Чолиќ-Биљановски, авторката на книгата „Миодраг Петровиќ Чкаља" од 1995.
Како гимназијалец, благодарејќи на големиот ентузијаст, професорот по германски Борислав Михајловиќ, почнува да глуми во претстави, а како член на Културно-просветната чета глуми по селата во „партизанскиот театар". 1946. запишува факултет по ветерина во Белград и тука го среќава сценаристот и режисер Радивој Лола Ѓугиќ, на пробите на драмската секција на културно-уметничкото друштво. Овој ненадминат тандем почнува уште во тие аматерски денови да добива награди.
Во некои помали, тукушто основани театри Чкаља почнува да добива ангажмани, а секако 6.3.1949. е датум кој е значаен за неговата кариера. Тогаш прв пат се емитувала хумористичната емисија на радио „Весела вечер".
Постојаната екипа на глумци и сценаристи (Чкаља ги пишувал и сценаријата) со годините го одржала квалитетот и огромната популарност на оваа емисија. 1959. Чкаља станува и „пионер на домашната телевизиска продукција".
Тргнуваат и на турнеи, така што Чкаља станува и пионер на таканаречениот „естраден хумор". Првата хумористична ТВ серија која одела во живо (тогаш немало магнетоскоп) за жал не е сочувана. Се викала „Сервисна станица" и тогаш почнува ерата на популарните хумористични серии, на „празните улици во недела навечер" и на мегапопуларноста на Чкаља.
За жал, имало и периоди кога долго го немало на малите екрани, и тогаш се развивале различни теории зошто е тоа така.
Пеле, Хендрикс, Робиќ, Чкаља
Последните години од мојата работа на Радио Сараево интензивно размислувам за општото незнаење и несфаќање на величини какви биле на пример Иво Робиќ или Миодраг Петровиќ Чкаља.
Да се биде прв во нешто, да се биде основач на некој нов жанр, движење, претпоставува дека таквите уметници морале да бидат самоуки во многу работи.
Денешните луѓе се преглупи да сфатат дека еден Пеле, еден Џими Хендрикс, еден Чкаља им оставиле генетски код на помладите генерации.
Намалувањето на значењето на Чкаља се задржало до ден денес. Како и критичарите-мудросери од негово време, еден денешен посетител на Јутјуб под клип напишал коментар „Чкаља го копирал Џери Луис"...
Гледајќи како овој комичар успевал да извлече максимум од некој текст заклучувам дека бил добар и како писател (на некои стари синглови е потпишан и како текстописец) и дека успевал да го дополни оригиналниот текст со свои идеи.
Целосно ја разбирал проблематиката за која зборувал, не подлегнал на хиперпродукција, а носел некоја толина во себе, некоја доброта во очите, нешто што на публиката ù се допаѓало.
Тешко е човек да се одлучи дали е Чкаља посмешен кога е тажен или кога е весел во некоја сцена. Најпрепознатливо останува неговото д'ткање, и неверојатното количество зборови кое го исфрла кога се обидува да се извади од незгодна ситуација...
Неговиот најчест лик, неговиот мал збунет онеправдан човек, како во себе да носел и дел од вистинската судбина на овој голем уметник во постарите години.
Не бил член на Партијата, а во староста не сакал да има ништо со злосторничките режими кои тогаш биле на власт. Умрел во 80-тата година во 2003., релативно заборавен и сиромашен. Синот и внуката тргнале исто така по актерскиот пат.
Еве неколку клипчиња кои ќе нè потсетат на него, и на некои стари времиња. Првиот е за утопискиот град - рајот на земјата - во кој живеат 50 000 владини функционери, вториот со антологисите Пајо и Јаре.
Нека ви е смешен Денот на шегата!