Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Koj влезе во Рокенрол халата на славните за 2025?

9 ноември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Церемонијата на влез во Рокенрол халата на славните се одржа вчера, 08.11.2025, во театарот Пикок во Лос Анѓелес. Овогодинешната „класа“ ги вклучи: Бед компани, Чаби Чекер, Џо Кокер, Синди Лопер, Ауткаст, Саундгарден, Вајт Страјпс, Ворен Зевон, Солт-н-пепа, Том Бел, Ники Хопкинс и Керол Кеј. За оние кои имаат претплата на Дизни+ церемонијата во моментов е достапна за стримување. 
  • Уште поинтересно од самите добитници се оние кои ги воведуваат во престижното друштво. Taка, Синди Лопер беше претставена од Шапел Роан, Саундгарден од Џим Кери, Ворен Зевон од Дејвид Летерман. Чаби Чекер имаше краток претходно снимен говор бидејќи од непознати причини не сакал да присуствува на прославата. 
  • Имаше политички пораки. На пример Хиро Јамамото, оригиналниот басист на Саундгарден, го искористи својот говор за да привлече внимание на начинот на кој се третираат имигрантите од страна на агенти на Oдделението за имиграција и царина на САД (озлогласеното ΙCE). Но и емотивни, како оној на Мат Камерон од Саундгарден: „Го прифаќам ова признание во име на фановите на нашата музика, како и на осамениците, оние кои не се вклопуваат и интровертите, кои наоѓаат утеха во стиховите и музиката на мојот херој и содружник, Крис Корнел“. 
извор

„Лажливиот професор од Кембриџ“ пронајден мртов

15 август 2026
  • Share
  • Post
  • Џејсон Ардеј (41), поранешен професор на Универзитетот во Кембриџ, кој неодамна се најде среде скандал поради голем број сомнителни моменти кои довеле до негово назначување за професор по социологија на образование во оваа институција, е пронајден мртов во јужен Лондон во петокот (14.08.) навечер. 
  • Неговото семејство изјавило дека „кампањата од дезинформации“, поврзана со обвинувања за плагијат на неговиот докторат и измислување биографски детали, поради кој неодамна поднесе оставка, е виновна за смртта.
  • За Ардеј и целиот случај пишувавме тука. 
извор

Македокс бр. 17 од 20-27 август

12 август 2026
  • Share
  • Post
  • Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 20 август во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Во целокупната програма на фестивалот се предвидени проекции на 71 филм.
  • Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева.
  • Земја во фокус годинава е Шпанија со избор од најавтентичните и највозбудливите остварувања на тамошната современа документарна сцена. Програмата се одликува со силен авторски печат, визуелна смелост и тематска разновидност, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

Целата програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Нестварни се Србиве

Балканштина
2

Тендер на „Бардовци“ заврши во фирма на братучедот на директорот

3

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Разно
4

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
5

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
6

Алиби до алиби

Балканштина
7

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина
8

Колкав е долгот на Америка? „Многу“' е малку да се каже

Свет
1

Победил на Олимпијада, ама мртов

Bookbox
2

Букбокс на Македокс: „Руини“ (МК, 2026)

Гледанка
3

Кога биографијата станува фикција: од Мари Софи Хингст до Џејсон Ардеј

Bookbox
4

Везачи, кажете како да се роди...

Bookbox
5

„Бекрумс“ - хоророт што треба да го гледате и ако не гледате хорори

Гледанка
6

„Социјална зараза“: како една мравка може да промени однесување на цел мравјалник

Bookbox
7

Доли Партон и нејзината љубов кон пеперутките

Bookbox
8

Букбокс читанка: „Моби Дик“ или пофалба на еден велји-превод

Читанка
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Алиби до алиби

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина

А вие за Гоце се чудите

Балканштина

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

За „назадната“ калеш Анѓа

„Напредниве“ за сè излегоа во право

Свештениците што страдаат од духовен Алцхајмер

Тимски виц на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy