Трипл-дабл број 10 на Јокиќ, тројка од пола терен и нереална асистенција

Веќе не е ни вест кога Никола Јокиќ ќе оствари трипл дабл. Него што му е со тројката од центар ала Стев Кари и пасот во стилот на Џејсон Кид?

Беше само прашање на време, кога човекот кој во НБА го носи епитетот на најдобар кошаркар во светот, ќе го запише и десеттиот трипл-дабл оваа сезона. 

Овој пат против Мемфис на 17-от меч сезонава, за победа од 125:115. 

Се работи за 174-ти во регуларниот дел од сезона и вкупно 192-ри во кариерата.

Јокиќ не беше многу ефикасен и го заврши мечот со 17 поени, 16 асистенции и 10 скока. Но, затоа ги ранеше колегите со топки. 29 поени и 8 асистенции на Мареј, 27 поени на Ватсон.

Нагетси се втори на Западот со 13-4.  

 
25 ноември 2025 - 08:42