Зошто вагина што сквирта е поофанзивна од пенис што ејакулира?

Во глупав налет да регулираат и тоа што не им е работа (познато од нашиве простори) британските власти решија да го регулираат порното и да пропишат што е ок секс, а што не е. Фејс ситинг - не смее, фејс факинг - може. На таквите им е битно само да продолжат да нè кецаат во мозок. 

Деновиве во Британија е усвоен „тивко цензуриран" амандман на Законот за комуникации од 2003, кој подразбира, меѓу другото, дека онлајн порно сервисот „видео на барање" сега треба да се усогласи со критериумите кои важат за ДВД-ињата кои се продаваат во британските продавници за порно материјали. А тие се строги.

Правејќи разлика меѓу „фин" и „нефин" секс, Британскиот борд на филмски цензори (да, постои таков) покажува необичен и крајно паушален морален и естетски вкус. Според нив, следниве категории нема да смеат да бидат вклучени во кој и да е следен британски видео производ:

тепкање (спенкинг)
казнување (кенинг)
aгресивно камшикување
пенетрација со каков и да е предмет кој е поврзано со насилство
физичко или вербално малтретирање (дури и ако е консензуално)
уролагнија (водени спортови)
физичка ограниченост (врзување и сл.)
понижување
женска ејакулација (сквиртинг)
давење
седење на лице (фејс-ситинг)
тупаничарење, шепање, интимно ракување (фистинг)

* последниве три се дефинирани како „потенцијално животно загрозувачки"

Добрата вест за британските љубители е што тие сè уште можат да гледаат какво и да е порно доколку тоа е снимено вон државата - строгите ограничувања важат само за материјал продуциран локално.

Реакциите, особено на оние кои живеат од производство на видеа од наведените жанрови, се бурни. Законот се нарекува апсурден и нереален, правен од луѓе кои никогаш не ги искусиле благодетите од наведените активности. Сепак има две основни замерки. Првата е дека законот не прави разлика помеѓу интимни активности договорени помеѓу две или повеќе возрасни единки и нешто што преоѓа во силување. Второто е дискриминирачката забрана на женската ејакулација - зошто вагините што штрцаат би биле понавредливи од ејакулирачки пениси?

Зошто двајца возрасни и доброволно присутни луѓе не би можеле да се пердашат како што сакаат пред камера? Која си ти да ги сопреш, Европо? се чудат Американците.

Најголем сеир на Британците сега им фаќаат Французите. Текст во француското издание на Слејт насловен како „Збогум на женската ејакулација" вели: „Британија одамна има докажано дека е аматер по прашањето на порното. Или такви се барем нејзините официјални тела."  Оние Британци кои нема да можат да гледаат, ќе мора да слушаат порно и да си замислуваат. Како песнава на нивниот сограѓанин Трики, која содржи импресивен список дејанија.

4 декември 2014 - 11:04