12.767 навивачи на Милан поседуваат годишен билет за сезоната 2016/2017, а тоа е ужасно лош податок за клубот кој го носи славното име и кои има стадион кој собира 80.000 гледачи.
Милан никогаш немал волку ниската бројка на продадени годишни карти во ерата на Силвио Берлускони, па затоа Кинезите крајно време е асално да се фатат за работа, ако воопшто станаа газди.
Росонерите во убавите времиња со Анчелоти кога беа на тронот на Европа, што и не е така одамна, имаше продадено рекордни над 40.000 годишни карти.
Бројката за оваа сезона нема повеќе да расте бидејќи кампањата за годишни карти заврши минатото коло на мечот против Сасуоло. Во изминативе 10 години бројот на продадени влезници им е паднат за 65,8%, а полош податок од сезонава имале во 1981/1982.
Сан Сиро беше полупразен и минатата сезона кога бројот на продадени влезници на Милан и Интер ги споредуваа со продадените влезници за во театар. Милан имаше продадени 19.476 годишни карти, Интер околу 22.000, а театарот за претстави 25.000.
Инаку оваа сезона за потсмев е првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито кој на првиот ден од кампањата за годишни карти, продаде само 11.