Бидејќи се работи за Клаудио Лотито тоа е второто е вистината. Лацио денеска ја започна кампањата за продажба на годишни билети и се посрамоти. На билетарница се појавија 11 души, полошо не можеше да биде.
Причината е очигледна, навивачите на Лацио се веќе уморни од неговиот однос и на таков начин одлучија да го искажат несогласувањето со човекот со кој очигледно нема помирување.
Претседателот на Лацио сезонава во Рим требаше да го доведе Марсело Биелса, големо тренерско име кое го откажа авионскиот лет. Потоа одржа прес конференција на која го бојкотираа новинарите бидејќи им забрани да поставуваат прашања.
Следуваа протести на навивачите и во Рим и во местото Ауронцо ди Кадоре каде тимот се наоѓа на подготовки, а капак на се беше оваа срамна вест која излезе на насловните страни. Лацио продаде 11 годишни карти за еден ден, неспоредливо со минатата година кога првиот ден од кампањата го отвори со продадени 12.800 сезонски билети.
Клаудио Лотито не одржа ниту прес конференција и не организираше никаков вид на промоција за кампањата. Инаку денеска одбележува точно 12 години откако е на чело на клубот.
Цените за сезонските влезници за Лацио се движат од 260 евра на Курва Норд каде се наоѓаат ултрас навивачите, па се до 3.900 во ложа. Цените во втората колона е за тој што веќе има годишна карта и донесе пријател кој сака да купи, третата е за жени, а четвртата за деца до 16 години и за луѓе со возраст над 65.