Поранешниот селектор на Чиле и Аргентина, Марсело Биелса беше само два дена тренер на Лацио и не дојде во Рим со образложение дека не му биле исполнети барањата околу трансферите. Клаудио Лотито за тоа го обвини Хуан Себастијан Верон и изјави дека тој му рекол на Биелса да ја откаже соработката со Лацио.
„10 години не сум го слушнал, ниту видел Марсело Биелса. Го познавам и знам дека му дава голема важност на дадениот збор. Тоа се лаги на Лотито кој се обидува да обвини некој друг. Ја не би му направил ништо лошо на Лацио, напротив би сакал да му помогнам, но за жал не може, ова раководството ги оддалечува навивачите. Без страст, љубов и поврзаност со дресот тешко е да се создаде нешто. Навивачите го знаат тоа. За жал во Лацио денеска сето тоа го нема. Овие денови се кажаа многу работи за Биелса, а исто и дека ќе ја водел Аргентина благодарение на мене. Јас сум претседател на Естудијантес и не сум во федерација. Како би му кажал да биде селектор?“, вели Хуан Себастијан Верон.
По откажувањето на Биелса од кој навивачите на Лацио имаа големи очекувања атмосферата во Рим е зовриена. Следниот ден претседател на Лацио одржа прес конференција која беше тензична бидејќи забрани новинарите да поставуваат прашања по што ја напуштија салата.
Синоќа навивачите одржаа протест во Рим и по кој знае кој пат побараа Лотито да си замине од клубот. Протести имаше и на планинското место Ауронцо каде Лацио е на подготовки, а во првите редови се појавија деца.