Таг: клаудио лотито

Колку е глуп па овој Лотито

За 20 годишнината од преземањето на Лацио му кажуваат имиња на фудбалери, кои треба да ги смести во листа од топ 10 трансфери кои ги направил. Значи треба да одбере од 1 до 10, а тој Ѕарате го става на 11-то место. Откако го поправија, Ѕарате го стави на 9-то, а Пандев му беше 10-ти, па на крај побара да им ги заменат местата.

Пак заспал овој

И тоа во Сенатот на сред седница. Нема, изгледа му паѓа притисокот. Од многу лук веројатно. Типично за Клаудио Лотито.

Протест на навивачите на Лацио со канта за ѓубре

Симболичен, ироничен, но вистинит и силен гест на навивачите, на планинското место Ауронцо ди Кадоре, каде Лацио ги почна подготовките за новата сезона.

Претседателот на Лацио заспа на собрание, Де Лаурентис го будеше

Најголемиот ебиветер газда во Италија кој од 2004 е прв човек на Лацио и точно 20 години ги манипулира навивачите со трансфери и носи сомнителни играчи, заспа за време на собрание кое се одржа со клубовите од Серија А. Де Лаурентис го опомени, а овој: „Не бе кое спиење, го слушам со затворени очи“.

Седи Лотито, денсов ти е најлош на свет

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се проба на подиум, ама подобро нека се врати во фотеља.

Газдата на Лацио не знае да го изговори играчот со кој направи мучки

Клаудио Лотито држи два клуба, Лацио и Салернитана, која инаку за 10 години од четврта ја избутка до прва лига, а потоа направи финта, како да не фигурира како газда на вторите. Во 2020-та „купи“ или поточно речено “прати“ еден анонимус од среден ред со сомнителни квалитети, од Лацио во Салернитана.

Лотито го прогласи вирусот за умрено

Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.

Другарот на Дрогба кој ни крив ни должен се прослави во Лига на шампиони

Фудбалот по којзнае кој пат раѓа нови приказни за чудни ликови. Јунак на вечерта во Лига на шампиони синоќа беше еден тотален анонимус кој удри печат на дебаклот на Дортмунд против Лацио во Рим.

Мајсторот за интриги кој му пркоси на Ањели и го победува во задкулисни игри

Малку е познато силното влијание кое првиот човек на Лацио го има во организацијата на Серија А, во италијанската фудбалска федерација, меѓу политичарите, пратениците и самата Влада. Ваквото лукавство не е од синоќа.

Случајно стана тренер на прв тим, па од нигде никаде почна да прави чуда

Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.

Како Лотито ја отпеа химната на Лацио

Снимкава е од 2014-та, а он е претседател на клубот од 2004-та. Кај што не знае да пее, па уште и две реченици не можел да запамти. Дудук.

Лацијалите славеа роденден на клубот, полицијата ја прекина забавата

Околу 2.000 тифози на римски Лацио се собрале на плоштадот „Либерта“ со цел да ја прослават 119-годишнината од основањето на нивниот миленик, но полицијата морала да реагира поради наводно нарушување на јавниот ред и мир.

Пази бомба Лотито

Кај не му оди на Лацио кој нема победа од 8 ноември на сите натпреварувања, уште шокови му правите на човекот. Па немојте така.

Локомотивата на европските таленти - Сергеј Милинковиќ Савиќ

Само е прашање на време кога претседателот на Лацио Клаудио Лотито ќе се ракува со милионерите од Париз, Мадрид или Манчестер за успешно завршена зделка за детето кое седеше на клупа во новосадска Војводина а од кого Римјаните направија ѕвер.

Сите сме Ана Франк

Во Италија и натаму трае скандалот со навивачите на Лацио и налепниците со ликот на Ана Франк. Играчите на овој тим пред мечот со Болоња излегоа во маици со портретот на најпознатото еврејско девојче.

Офсајд лик: Клаудио Лотито

Ако некој заслужува летово најмногу да се најде во нашата омилена рубрика на офсајд ликови, тоа е претседателот на Лацио. Ние не го бираме, тој самиот со своите постапки се кандидира секогаш да биде број 1 во правење глупости.

Лацио и Лотито - Бесмисленоста на едно постоење

Кога во еден момент суетен, фрустриран и арогантен човек ќе се здобие со прилика да води голем колектив, резултатот е: празни трибини, пустелија од стадион, многу непријатели и реалното прашање мораше ли вака?

Колку треба да си неспособен за да продадеш 11 годишни карти

Со 12 годишен стаж во клуб од Серија А да продадеш само 11 годишни карти за еден ден треба да си или аматер или многу да те мразат навивачите.

Порното на Манчини, нервозата на Лукарели и пораката на Кантона до Златан

Сестрата на Роналдо ги објасни неговите солзи за време на финалето, поранешниот напаѓач на Ливорно кажа зошто го баталил Твитерот, Лотито продолжи да објаснува за Биелса, а жената на Икарди кажа колку пари одбиле од Кина. 10-те највпечатливи изјави според Газета.

Верон: Лотито е лажго и ги оддалечува навивачите од Лацио

Еден од најдобрите играчи од златната генерација на Лацио кој го освои Скудетото во 2000 година му одговори на претседателот на клубот за обвинувањата.

Во Лацио нема ништо сигурно и со потпишан договор

Ако го барате најкусиот престој на тренер во историјата на фудбалот, ова е тој. Се вика Марсело Биелса кој дури два дена го водеше Лацио, ама од далеку. Сагата околу неговото назначување се претвори во шпанска серија од која најмногу патат навивачите на Лацио.

Јуве е како една убава дунда која не ме возбудува

Во најновите изјави кои редовно ги собира на купче Газета дело Спорт, главен актер е Антонио Касано кој додека паузира со фудбал, им прави сериозна конкуренција на Ибрахимовиќ и Балотели во однос на давањето контроверзни изјави.

Трансфер анегдоти: Дај илјада евра и носи го

По целосниот распад на Парма, многу играчи ги раскинаа своите договори и бараа нови клубови. Напаѓачот Никола Поци замина на позајмица во Киево кој за него даде илјада евра, a Салах барал Фиорентина да ангажира преведувач од арапски во Лондон.

Ерик Тохир за Хернанес научи латински поговорки

Пред една година, претседателот на Интер дебитираше на трансфер пазарот и склучи зделка со Клаудио Лотито, царот на бесконечните преговори.