
Славниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус, се враќа во Лацио по само година и три месеци, но во чудни и нејасни околности со многу незвесност.
Клубот за утре закажа прес конференција за негова презентација, која изненадувачки е најавена зад затворени врати.
Секој новинар има право да испрати по едно прашање, кое ќе му биде прочитано, без никаква можност за интеракција.
Овој чуден формат на прес конференција, која е воведна пред новата сезона со нов тренер, предизвика протести на навивачите кои реагираат преку социјалните мрежи и медиуми.
„Ова го нема ниту во СССР и Северна Кореја. Ова е диктатура“, велат навивачите на Лацио.
Прес-конференциите, по својата природа, треба да бидат отворени, да има транспарентност и директен дијалог меѓу клубот, печатот и навивачите.
Лацио се наоѓа во многу специфична ситуација, со блокиран трансфер пазар за ова лето, поради несоодветно работење.
Па повеќе од јасно е дека ова е масло на Клаудио Лотито, една од најконтроверзните личности во италијанскиот фудбал во изминативе 20 години.
Тој свесно избегнува конктакт со новинарите, поради неповолната ситуација во која го става клубот и одлучува да го пушти Сари сам на прес, во празна сала.
За казната на клубот, не бил навреме информиран ниту Маурицио Сари, кој важи за принципиелен тренер со авторитет.
Малку треба и тој да крене рачна, пред да почне, како што тоа го стори Марсело Биелса во 2016-та.
Тој официјално, фигурираше како тренер на Лацио два дена, но никогаш не дојде во Рим, кога виде со кого си има работа.