Акцијата „Сите сме Ана Франк“ ја поддржаа сите клубови од Серија А. Судиите и капитените на екипите излегоа на теренот со „Дневникот на Ана Франк“ од кој читаа цитати.
Иако официјалниот став на групата навивачи на Лацио познати под името Иридучибили беше дека нема да гостуваат во Болоња, околу 100-ина приврзаници на овој клуб, пред стадионот „Ренато Дал’Ара“ ја пееле фашистичката песна "Me ne frego" (Сеедно ми е).
На 24. октомври претседателот на Лацио Клаудио Лотито со венец ја посети синагогата во Рим и јавно се извини, но подоцна букетот бил пронајден во реката Тибер затоа што поединци сметале дека извинувањето на Лотито не било искрено.
Минута молк во сеќавање на Ана Франк на сите стадиони ширум Серија А:
Цитат од „Дневникот на Ана Франк“ на мечот Рома - Кротоне: