Македонскиот бисер Елиф Елмас вечерва ќе го одбележи својот прв голем јубилеј откако е дојден во градот под Везув, на југот од Италија. На мечот Сасуоло - Наполи некогашниот фудбалер на Работнички и Фенербахче, ќе го одигра својот 100. меч во дресот на Наполи.
Пиза игра супер сезона во италијанската Серија Б и во моментов по 13 средби е на второ место со 25 бода, само два помалку од лидерот Бреша. Во неделата играа против Беневенто и победија 1-0 со неверојатниот гол на 25-годишниот Израелец Јонатан Коен.
Во Италија, четврта лига падна автогол по кој на несреќникот еден месец нема да му се излегува од дома. Фантазија од потег кој нема начин како да се надмине.
И Италијанците имаат лиги кои може да ги сместиме во селски фудбал. Видеово е доказ дека безредието во најниските рангови го има и надвор од Балканот. Насилен ќељавко му демонстрира сила на млад и немоќен судија. Класика.
По пауза од речиси четири месеци, Златан се врати на терен и беше автор на триумфот на Милан од 2:0 против Лацио. Швеѓанецот со балканско потекло привлече внимание врз себе со новиот имиџ - фризура со плетенка.
Рома и Фиорентина одиграа луд меч во првото коло од Серија А. На „Олимпико“ во Рим „волчицата“ славеше 3-1, а на дуелот имаше два црвени картони (гостинскиот голман Дронговски во 17’ минута и Ѕаниоло во 52’ минута). Мурињо при водство на Рома низ нозе пропушти една топка пред Нико Гонзалес кој се изнасмеа на потегот на Жозе.
Добрите познавачи и носталгичари на италијанскиот и општо европскиот фудбал во првите години по 2000-та, на прва топка ќе се сетат на фамозниот случај „Ериберто“ од Киево, човекот кој за да избега од сиромаштија направил голема измама, па совеста го прогонувала со години.
Каролина Страмаре од Џенова е родена во 1999-та. Во 2019-та беше избрана за Мис на Италија. 22-годишниот модел е избрана од платформата Хелбиц Медија да ја води емисијата посветена на фудбалските дуели во Серија Б.
Лудиот Тициано Крудели, она италијанско чиче со бркчиња што сигурно некогаш сте го слушале како урла на голови на Милан, сега како да има замена. Се вика Мауро Зума, работи како контент советник на Милан ТВ каде одвреме-навреме коментира.
После 8 кола во Серија А, втор е Сасуоло и тоа е најпријатно изненадување во Топ5 лигите во Европа. Најзаслужен за тоа е некогашниот талентиран бисер на Милан кој со романски клуб играл во Лига на шампиони а сега е „Пеп за сиромашни“.
Најголем трансфер бум во Италија направи Федерико Киеза, златното дете на Фиорентина кое потпиша со Јувентус. Таму го чека чичко Џиџи, кој му доаѓал на гости како мал.
Недела 4 октомври 2020 ќе се памти како еден од полудите денови кога фудбалот е во прашање. Британија уште не може да поверува што ги снајде Ливерпул и Манчстер Јунајтед (7:2, 1:6), а во Италија некои аматерски работи се случија.
Клубот кој ја импресионираше фудбалска Европа со фантастични партии, ретко греши и на трансфер пазарот каде сјајно работат во последните неколку години.
На 11-ти јуни во Севиља ќе се случи рестартот на најдобриот шпански клупски фудбал. Фудбалските власти во оваа земја решија да има предозирање со оваа убава игра.
Навивачите на Милан се задоволни од преодниот трансфер рок. Клубот заработи од продажбите и позајмиците на Пјонтек, Родригез и Сусо, а екипата ја засили едно интересно дете кое ненамерно откри една глупост на тренерот Пиоли.
Среќата треба да се заслужи - фраза која што најдобро го опишува младиот тренер кој покажа колку знае и кој допрва ќе демонстрира тактички вештини. А буквално преку ноќ седна на клупата на Лацио и сега е еден од најтрофејните тренери на овој клуб во историјата.
По серијата огромни расистички скандали и гафови, раководството на Серија А реши да покрене кампања во борба против расизмот во фудбалот, ама толку невешто го направи тоа, што сите се запрашаа дали се нормални?
Од тие треторазредни лиги ширум Европа знае да излезе по некој лудак со Меси соло продор, ама најслаткото е кога ќе начекаме некоја ваква контра со неколку генијалности во едно. Ова скапоцено видео парче со епски крај ни доаѓа од Италија.
Италијански нисколигашки фудбал каде срцката сигурно е црвена од овој убав комплимент од трибина кој на италијански оди вака: Guardalinee, guardalinee, la senti questa voce, la senti questa voce: Sei bellissimaaaaaaaa, sei bellissimaaaaaa.
Давиде Москардели е култна личност во Италија. Нема место на Апенините каде не го сметаат за еден од најдобрите италијански дриблери. Сезонава пак ќе го гледаме во дресот на Пиза со која се пласираше во Серија Б.
Навивачите на Интер во последните неколку сезони се асполутни победници во Серија А. Имал тимот добри резултати или не, тие купуваат сезонски влезници како да ќе е последна сезона.
Легендарните фудбалери обично кога се повлекуваат прават еден круг на терен, се поздравуваат со навивачите, па тука имаш солзи и емоции, а евентуално организираат и проштален натпревар. Заборавете на сето тоа. Ова што ќе го видите е како драматична сцена од филм.
Во септември 2018 излезе автобиографијата на Франческо Тоти - „Капитен“. Пишувана е во коавторство со познатиот новинар Паоло Кондо и во неа има многу приказни и анегдоти за животот на легендата. Ние ќе ги пренесеме во неколку дела. Ова е првиот.
Некогашниот прволигаш Бари во моментов игра во четвртата италијанска лига Серија Д. На гостувањето против Локри синоќа славеа 0-3, а прославата на првиот гол кој го постигна капитенот Ди Чезаре заврши лошо по еден гостински навивач кој тешко повредил неколку пршлени.