Пред неколку недели во интервју за Ла Република, тренерот на Сасуоло Роберто Де Ѕерби (41) на прашањето кои се целите сезонава рекол:
„Минатата сезона завршивме осми. Сега сакаме пласман во еврокупови. Сасуоло се развива, но треба некој од големите топ екипи да има слаба сезона, зошто се посилни од нас“. „Не би рекол баш дека сите се појаки од вас“, му одговара новинарот Паоло Кондо, ко-автор на книгата за Франческо Тоти.
Во 8 кола Сасуоло уште нема пораз, постигна 20 гола (најмногу од сите заедно со Интер) и најголем посед на топка во цела лига (60,1% во просек по натпревар).
„Му се дивам на Де Ѕерби. Роберто помина тежок пат од многу талентиран тинејџер до еден од најинтересни тренери во Италија“, вели патријархот на италијанскиот фудбал Ариго Саки.
ДЕ ЅЕРБИ БИЛ ЅВЕЗДА ВО МЛАДИНЦИТЕ НА МИЛАН, ГО ВИКАЛЕ „МАЛИОТ ГЕНИЈ“
Роберто Де Ѕерби почнал да игра фудбал на 300 метри од стадионот на Бреша „Луиџи Ригамонти“, во реонот Момпјано.
Секој домашен меч на Бреша го гледал од бучната Курва Норд (северна трибина) заедно со татко му кој бил еден од лидерите на ултрасите кои биле во постојан конфликт со управата.
Токму поради тоа наводно Де Ѕерби не го примиле да игра за Бреша. Претседателот Џиџио Кориони навремето лично наредил малиот Роберто да не тренира во клубот.
Поради ова Де Ѕерби оди во Милан.
Во младинците на „росонерите“ за кратко добива прекар „Малиот Гениј“. Голем гениј беше и остана Дејан Савичевиќ кој кога го видел 17-годишниот Де Ѕерби на тренинг, ги прашувал тренерите од каде дошол овој талент. Истото го прашувале и Ѕвоне Бобан и Роберто Баџо. Де Ѕерби играл треквартиста (плејмејкер во нападот).
„Памтам дека од таа генерација Де Ѕерби беше најталентиран. Со лева правеше се што сака. Му даваа топка, а Роберто секогаш нешто смислуваше“, се сеќава Мауро Тасоти кои со децении беше во системот на Милан.
Тренерот на Сасуоло се сеќава на тоа време:
„Три години во Миланело како живот во забавен парк. Да ги гледаш од близу Баџо, Савичевиќ, Веа... Да ги гледаш дуелите на Веа и Малдини тоа беше колосално. Но да бидеш и внатре во професионален клуб. Преку ден тренирав, сабајле на школо, ми ги следеа резултатите. Милан не те воспитува само како играч, туку и како човек“.
Првата победа на тренерот на младинците Тасоти му ја донел токму Де Ѕерби. Дал два гола во триумфот против Емполи во август 1997-ма. Во ноември дал два и во дербито со младинците на Интер, во февруари бил најдобар играч во тимот на Милан на турнирот во Вијареџо.
Во летото 1998-ма новиот тренер на Милан Алберто Ѕакерони го прекомандувал Де Ѕерби во прв тим. На три пријателски бил во прв состав, дал гол против Белинцона. Потоа следувала позајмица во Монца која требала да го спреми Де Ѕерби за успешна кариера во Милан.
Но Роберто не одиграл ниту еден официјален меч за росонерите.
„Саки и Капело многу веруваа во мене. Но преминот од младинци во прв тим често е фатален. Како во мојот случај“.
ДЕ ЅЕРБИ НИКОГАШ НЕ СТАНАЛ ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР, ОДИГРАЛ 3 МЕЧА ВО СЕРИЈА А И 5 ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ
На 20 мај 2012 година Клуж ја пречекал Стеауа. За шампионска титула на домаќинот му требал само бод. Во 78' минута Стеауа водела 0-1 и тренерот Јоан Андонде ја направил последната измена - во игра влегол 33-годишниот Де Ѕерби.
Во 90' минута корнер за Клуж. Последна надеж за титулата. Де Ѕерби изведува и топката оди директно во гол за лудо славје на домаќинот. Клуж втор пат во историјата стекна право да игра во Лига на шампиони. Но без Де Ѕерби кој се вратил дома да ја доигра кариерата во Серија Д за Тренто.
Но во првото учество на Клуж во Лига на шампиони Де Ѕерби одиграл 5 меча.
*****
Кариерата на Роберто не се развила онака како што предвидувал Тасоти. Од првиот повик за прв тим на Милан до дебито во Серија А поминале цели 8 години во кои Роберто сменил дури 8 клуба.
Го памтат како играч на Монца, Падова, Авелино, Леко и Фоџа. Сите нисколигаши во хиерархијата на италијански фудбал. Со Фоџа ја освоил Серија Ц2. За три сезони таму постинал 17 гола и повеќе од 20 асистенции.
Еден од најважните тренери во неговата кариера бил Пасквале Марино кој од Фоџа го земал Де Ѕерби со себе во Арецо па во Катанија. Интересно, неговите партии на Сицилија го заинтересирале и Аурелио Де Лаурентис па Де Ѕерби после една година заиграл за Наполи и одиграл неколку фантастични средби за тимот од „Сан Паоло“.
Со пласманот во Серија А, Наполи ги договара Езекјел Лавеци, Марек Хамшик и Марсело Залајета. Де Ѕерби одиграл 3 меча во Серија А за полусезона но немал забележителна статистика.
Се вратил во родната Бреша а на 29 години ја напуштил Италија.
„Нема да плачам поради тоа што заслужував повеќе. Да, можев да сметам на повеќе, но добив само три меча. Бев 10-ка во време кога сите игра 4-4-2. На терен сакаа да ме развлечат, а јас не сакав да менувам позиција. Тешко се адаптирав на друго место. Секогаш се убедував со тренерите, кажував што мислам. Во Примавера на Милан, Тасоти ме стави на лево крило во среден ред во формација 4-4-2. Јас сакав да играм во напад или десно. Така и му кажав. Тасоти ме послуша и одиграв сјајна сезона во напад. До ден-денес се дружиме.
Имав девет операции, не ми појде од рака, но проблемите ми го зајакнаа карактерот. Станав посилен“, раскажува Роберто Де Ѕерби. „Најголем меч во мојата кариера? Оној со Баерн Минхен во Лига на шампиони. Го сметам за награда за жртвата која што ја поднесов после неколку тешки повреди. Но најубав момент ми е пласманот во Серија А со Катанија и Наполи. Во тие екипи играв важна улога“.
ИДОЛИ МУ СЕ БИЕЛСА И ГВАРДИОЛА, КАЈ ДВАЈЦАТА ОДЕЛ НА ПРАКСА
По крај на играчката кариера решил да стане тренер. Учел и полагал за тренерска лиценца, но од првиот клуб кој го водел, Дарфо Боарио бил отпуштен откако испаднале од Серија Д.
Во Фоџа го критикувале зашто игра убав фудбал но нема резултати, не победува.
Го паметат и по хаосот на мечот Фоџа - Пиза каде Гатузо ја почна тренерската кариера кога го погодија со шишња во глава. Фоџа два пати играла бараж за пласман во повисок ранг и два пати изгубила и не успеала.
Следна дестинација: Палермо. Таму кај лудиот Маурицио Ѕампарини ја водел екипата на 12 меча: 1 победа, 9 порази. После четири години поранешниот претседател на Палермо, контроверзниот Ѕампа рекол дека отказот кој му врачил на Де Ѕерби била негова најголема грешка.
Патот го води до Беневенто кој беше безнадежен аутсајдер во Серија А во тој момент: последно место, 9 порази и гол разлика 2:22. Екипата испаднала и со Де Ѕерби на 5 кола до крајот.
Но овој тим освоил 4 бода со Милан (2:2 ако се сеќавате на голот на голманот Енрико Брињоли и 0:1 на „Сан Сиро“), им дал по 2 гола на Рома, Лацио и Јувентус и во Италија се зборувало за квалитетите на Де Ѕерби.
„Кога работев во Беневенто викаа дека ќе ми тежат резултатите, но просто сакав да им се допаднеме на сите. Да видевте само како се радувавме по победата над Милан на „Сан Сиро“ која на 24 часа го одложи нашето испаѓање. И ќе кажете резултатот тежи?“, се сеќава Роберто.
На критиките на стручните коментатори тој рекол: „Јас никогаш нема да се откажам од своите идеи“.
Во есента 2018-та година на настанот Festival dello Sport пофалби за работата Де Ѕерби добил од најдобриот тренер на светот, Пеп Гвардиола:
„Кого следам во Италија? Ми се допаѓа Сасуоло. Игра многу интересен напаѓачки фудбал“, рекол Гвардиола а иконата Ариго Саки кој седел до него рекол: „Да, да, Де Ѕерби е од тренерите-оптимисти“.
Кога дознал Роберто прокоментирал:
„Тие зборови од најдобрите тренери во историјата ме ставаат во тешка состојба. Да се добие комплименти од такви тренери. Но треба да се пофалат и клубот и фудбалерите.“
А директорот на Сасуоло Џузепе Карневали не се согласува со Де Ѕерби: „Сите знаат за нас благодарение на Роберто“. Сите играчи во еден глас признаваат дека Роберто е главна причина за стрмоглавиот развој на Сасуоло кој од просечна екипа која се бори за опстанок, сега е амбициозен претендент за еврокупови.
„Де Ѕерби многу потсеќа на Гвардиола и по идеи и по методи на тренинзи“, вели Бакари Сања кој работеше со Пеп во Сити а работеше и со Де Ѕерби во Сасуоло.
Талентираниот тренер се запознал со Гвардиола кога бил на пракса во Минхен додека Пеп го водел Баерн.
„Тоа е човек со неизмерна страст кон својата работа. Еднаш кажа дека во денот само 40 минути не мисли на фудбал. После тренинзи одевме кај него во канцеларија и останувавме со часови, до доцна во ноќ. Но Пеп беше толку посветен што не сакавме да му речеме доцна е оди да спиеш“.
Идол му е и Марсело Бјелса. Отако добил отказ во Палермо, Де Ѕерби нашол број од култниот Аргентинец кој сега го води Лидс Јунајтед. И решил да му прати порака во која му објаснува кој е и дека би сакал да следи негови тренинзи.
„Бјелса тогаш работеше во Лил, ме вина мене со помошниците цела недела на гости. Неверојатно искуство. Он е многу учен. Марсело го викаат „лудиот“ но мислам дека се луди оние кои не сфаќаат што прави човекот. Знаете што е заедничко меѓу Гвардиола и Биелса? Двајцата знаат да ги објаснат причините на своите одлуки. Не е можно само да ги копираш нивните идеи и да чекаш резултатите да дојдат. Најважно е да знаеш тоа да и го објасниш на екипата“.
ДЕ ЅЕРБИ СМЕТА ДЕКА ФУДБАЛОТ ТРЕБА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА НАВИВАЧИТЕ А НЕ НА ТРЕНЕРОТ
„Сакам да напаѓам, 80% од работата во тек на недела ја посветувам на фаза на нападот. Но притоа внимавам и да има баланс. Инаку ако не обрнувам внимание на одбрана, секогаш ќе губиме.
Тренирам веќе многу години но до сега немало формација за која сум се приврзал. Сакам да напаѓам. Но ако водиме а до крајот на мечот има уште многу време, тогаш не мислам дека е срамота да се рога топката на трибини или да се бранам со петорица.
„Кога и да се пишува за мене, се преувеличува. Ако Сасуоло изгуби тогаш јас сум самобендисан глупак кој го копира стилот на Барселона. Следно коло ќе победиме и ме носат на раце, ме викаат пророк“.
„Фудбалот покажува кој сум на самиот крај. Сите црти на мојот карактер: и добри и лоши. Во хороскоп сум близнаци и мајка ми вика дека никогаш не научив да управувам со својата втора половина. Со таа чудна, бунтовна половина“.
„Многу тренери работат само за резултат. Но не може сè да остане на тоа дали топката ќе влезе во гол. Јас работам на однос во екипата, на психологија, стил на игра. Нема ништо полошо од неорганизирана и немотивирана екипа“.
„Најточен збор за мене? Храброст. На 32 години сакав да тренирам клуб во Серија А. Затоа и имаме смелсост. Моите екипи мора да играат храбар фудбал“.
„Вчера баш шетаме со жена ми. Во еден момент застана и ме праша: „Роберто, ти мислиш кого да ставиш во среден ред и напад во недела? Никој не ме знае подобро од жена ми Елена. Им завидувам на тренерите кои наоѓаат време да играат голф или да одат на изложби“.