После 8 кола во Серија А, втор е Сасуоло и тоа е најпријатно изненадување во Топ5 лигите во Европа. Најзаслужен за тоа е некогашниот талентиран бисер на Милан кој со романски клуб играл во Лига на шампиони а сега е „Пеп за сиромашни“.
Газдата на Александар Трајковски и Илија Несторовски и официјално веќе нема никаква функција во Палермо, клубот од каде излегоа многу јаки фудбалери и клубот каде тренерите немаа право на грешка.
Пауло Дибала, фантастичниот Аргентинец одново има проблеми. Сезонава во стартните 11 влегол само три пати на шест меча, на терен поминал 280 минути и дал 0 голови. Пред само една година бројките беа поинакви - осум голови после пет кола во Серија А.
„Ова е рај, мора да сонувам“, изјави најголемиот борец во историјата на италијанскиот фудбал кога го назначија за тренер на Милан. На 9. јануари наполни 40 години и за секоја година има по некоја занимлива искрена изјава.
Прилепчанецот Илија Несторовски стана симбол и капитен на Палермо, клубот за кој во Серија Б досега даде осум погодоци. Затоа и не сакаат да мрда никаде, па ни во репрезентација.
Кога татко му го оставил во малата кладилница која што ја држел, малиот Пауло ставил 2 пезоси дека Карлос Тевез ќе даде гол во Копа Либертадорес. Со парите од добивката купил дрес од Бока, а подоцна се запознал со својот идол.
Не, не е ова уште една статија за тоа колку тренери избркал, туку запознавање со човекот кој Ѕампарини го назначи за нов претседател на Палермо а чии постапки отвораат многу теории дека тој е марионета на човекот кој сака да се спаси од напади после извесно испаѓање од Серија А.
Лудиот сицилијански претседател на Палермо, Маурицио Ѕампарини сезонава се надмина себеси и со смената на осум тренери за осум месеци го направи конзервативен дури и претседателот на Реал Мадрид.
Во Палермо настана каша попара со тренерите и оваа сезона, а најновата улога на тренер во заминување е легендарниот играч на Бока Јуниорс. Тој беше тренер на 5 меча, но не смееше да го води клубот. Само со Ѕампарини се вака комплицирани работите.
По елиминацијата од третолигаш, претседателот на Палермо се изнервира и донесе решение дека Мареска, Ригони и Дапрела нема да може повеќе да играат за тимот, туку само ќе може да тренираат.
Аргентинецот сезонава даде 5 голови за Палермо, по што селекторот на Италија, Антонио Конте изјави дека го планира за следниот собир на Аѕурите во март следната година.
Има еден Фергусон кој 26 години беше тренер на ист клуб, но има и една будала што за 26 години избркал 52 тренери. Ова е приказна за загубената битка меѓу тренерите и Маурицио Ѕампарини.
Контроверзниот газда на италијанскиот фудбалски клуб Палермо, Маурицио Ѕампарини повторно сака да биде во центарот на вниманието па реши да ги критикува Сеп Блатер и Мишел Платини.
Претседателот на Палермо продолжува во ист стил со политиката на менување на тренери. По вчерашното отпуштање на Алберто Малезани кој издржа само три кола на Сицилија, Ѕампарини повторно го врати Џан Пјеро Гасперини кој беше избркан пред три недели.