Дибала сменил дом, менаџер, девојка, а можно е и клуб

Пауло Дибала, фантастичниот Аргентинец одново има проблеми. Сезонава во стартните 11 влегол само три пати на шест меча, на терен поминал 280 минути и дал 0 голови. Пред само една година бројките беа поинакви - осум голови после пет кола во Серија А.

Во што е главната причина за ваквиот пад на Дибала?

Новинарите блиски до Јувентус велат дека тешко се снаоѓа во формација 4-3-3 во која игра екипата. Иако минатата недела Масимилијано Алегри ја одбрал и 4-3-1-2 во која Јуве не играл цели три години.

Во последнава шема Аргентинецот игра како полушпиц/плејмејкер (треквартиста). Оваа улога пред него во Јуве ја играа Платини, Баџо, Зидан (кај Анчелоти) и периодично Дел Пјеро.

Од Паулито тифозите на Јуве очекуваат голови и асистенции - тој минатата година имаше хет-трик против Сасуоло а сега викендов против „неро-верди“ се виде дека нема прогрес во неговата игра. Во отсуство на Пјаниќ Дибала проба да диригира со соиграчите во позиционен напад но безуспешно.

Федерико Бернардески игра во добра форма

Одличните партии на препородениот Федерико Бернардески се причина плус што Дибала не добива простор.

На пример против Валенсија во Лига на шампиони Бернардески ќе беше најдобар играч на мечот ако Пјаниќ не одиграше маестрално. Федерико имаше одлична статистика: пет успешни дриблинзи, создаде две гол шанси и во критичен момент по исклучувањето на Роналдо заигра во средниот ред.

Во конкуренцијата Бернардески-Дибала нема разлика ниту од економска страна па Алегри да може да извага: во 2015 година Јувентус на Палермо за Дибала му плати 32 милиони евра плус 8 милиони за бонуси. За Бернардески платија 40 милиони евра. Двајцата имаат по 24 години. Доколку отидете на „Алијанц Стадионот“ ќе видите далеку повеќе дресови на Дибала кого навивачите го обожаваат.

Слабата форма на Дибала не влијае многу на навивачите па така по вниманието кое играчите го добиваат на отворените тренинзи, по бројот на втограми, селфи, и по бројот на продадени дресови, Дибала е убедливо втор во Јувентус, се разбира после Кристијано.

****

Новинарите од Италија велат дека објективните причини за падот на Дибала не се поврзани со фудбалот. Минатата есен тој ја раскинал врската со долгогодишната девојка Антонела Каваљеи. Дибала дури купил и друг стан во Торино за да не се сеќавал на односот со неа.

Пауло сега има нова девојка - 22 годишната Ориана Сабатини, роднина на познатата тенисерка Габриела Сабатини. Во својата земја Ориана е позната пеачка, актерка и моделка. Двајцата голем дел од одморот поминале во Аргентина.

Падот во формата се должи и на смената на агентот Пјерпаоло Триулци со кого работел многу години. Сега менаџер на Пауло Дибала е неговиот брат Мариано. Раскинот на договорот со Триулци не поминал гладко затоа што минатата недела во Лозона имало заседание на Арбитражниот спортски суд кој е должен да ги регулира спорните прашања.

Дибала морал да патува до Швајцарија да дава исказ а тоа не е баш идеално на почеток на сезона.

Причина за конфликтот меѓу двајцата е личниот спонзор. Уште во Палермо Триулци потпишал договор со некоја сомнителна компанија од Малта која имала улога на посредник при продажбата на правата на користење на ликот на Фудбалерот.

Од почеток овие права ги откупил Nike, а неодамна во август со правата завладеала Puma. Но во тоа време Триулци веќе бил отпуштен. И на крајот Дибала потпиша долгогодишен и богат договор со Adidas. Поранешниот менаџер сега тврдел наводно дека договорот потпишан минатото лето за спонзорство сè уште важи.

Во ситуација кога сменил девојка, се преселил во нов дом, сменил менаџер, сменил спонзор, дали Дибала во целост може да се сконцентрира на фудбал?

Дали тоа што не игра редовно значи дека би можел да смени и клуб? Оваа ситуација најдобро ја прокоментирал Андреа Пирло. Во свое време и „Маестро“ преживеал развод и промени но тоа не го сменило на теренот: „Ако не играш должен си повеќе да работиш. Класата на Дибала не е за сомневање“.

Ако Јувентус реши да го продава Дибала сега е најдобар момент за тоа. Прво цената уште му е висока - 100 милиони евра. Второ годишната плата му е 7 милиони евра (втор најскапо платен играч во тимот). Трето клубот нема да изгуби од имиџот затоа што Јуве го напуштаа и Погба и Артуро Видал за европски великани но Јуве не изгуби ништо.

Како најзаинтересирани страни за него досега се јавуваа Атлетико Мадрид (Дибала е во сјајни односи со Диего Симеоне) како и Манчестер Јунајтед. Маурицио Ѕампарини, контроверзниот претседател на Палермо смета дека Дибала би можел да го напушти Јуве уште во првиот преоден рок.

„Секој пат кога останува на клупата за резерви ми се плаче. Уште пред две години му пратив SMS порака и го советував да оди во Шпанија каде ќе игра фудбал. Тој ќе си замине затоа што Јувентус сака да заработи 100-120 милиони. Мислам дека уште во јануари ќе оди во Шпанија. Ќе бира меѓу Англија и Шпанија. Јувентус располага со многу шампиони и тешко е да играат сите. Во секој случај жално е кога таков феномен не е на теренот“.

****

Отсуството на конкуренција во Серија А му дозволува на Јувентус да прави тактички експерименти. На последниот меч против Фрозиноне Алегри одново му даде шанса на Дибала: Аргентинецот од почеток играше како крилен напаѓач во формација 4-3-3, но на средината на првиот дел се преместо во центарот. Пауло не одигра лошо но не блескаше.

Најдобар на овој меч одново беше Бернардески што значи дека Алегри има аргумент повеќе за утре никој да не покажува со прст во него.