Проблемот е во софтверот за закажување на "Мој термин" (не знам кој го направил), но во истиот не може да се закаже преглед доколку не се остави телефонски број. Колку и да звучи нормално, имаме луѓе во Македонијава наша кои ниту имаат телефон, нит мобилен нит фиксен (читај исклучен фиксен), стари луѓе на кои преку глава им е се и ни најмалку не им фали мобилен телефон.
По чиста случајност мојот број им е многу лесен на куцање, па секогаш кога ќе дојде пациент што нема телефонски број (или не си го знае - според докторот кој незнаејки со кој зборува ми го кажа ова има многу луѓе кои не си го знаат бројот) докторите/сестрите куцаат рандом број кој мислат дека не постои бидејки во самиот софтвер нема опција да се прерипне овој чекор.
Несакајки паднавме на тема термини со докторот кој ме информираше за ова, и тој самиот кажа дека прочитал на off.net.mk дека на некој постојано му доаѓале sms пораки, докторот ми рече само да не е мојот број што го користам за вакви случаеви.
Имено, секој доктор/сестра/медицинско лице кој закажува термини си има свој број кој си го користи за вакви цели, кога пациент нема телефонски број си го куца тој неговиот "божемски" број (значи не сум сам).
Апел до компанијата која го изработила / порачала / оддржува софтверот да си го среди софтверот, т.е. да додаде опција за пазиенти кои немаат телефонски број. Верувам дека сме повеќемина кои добиваат вакви пораки често бидејки бројот ни е лесен за куцање.
Поздрав,
Г.