писма на читатели

Термину мој, проблем е твој

Трендо, голем поздрав до "Мој Термин" ... системот што не функционира па не функционира. Имам добиено преку 10 пораки на телефон за закажен термин де у Чаир, де у Битола, де у Струмица, јас немам појма тоа како се закажува, на кој начин функционира....

Бај д'веј цревата ми се у добра состојба они ме праќат да си испитам гастритис.... Ај грешка, бива да се згреши број, не еднаш, не два пати ... преку 10 пати, а најчудно е што од кога почнаа да ми стигнуваат пораки си одам на веб сајтот http://www.mojtermin.mk/ и тука има број за прашања :

Тел: 

(02) 15 444

Имам ѕвонето преку 10 пати (до даска -читај до крај) и никој жив не се јавува.

Како сакаат да функционира системот со вакви проблеми, некна излава министерот и ми вика имало некој што закажал 31 пат и не се појавил (и вика замислете), може и ја да сум тој појма немам, како и да е министерче Николче (колега - школски - војнички) дај земи таму опрајте си ја работата оти ваа шо не ја бива не ја бива.

поздравче ...

Г.

------------------------------------------

Бонус од друг меил:

Маче со свој термин во амбуланта Јане Сандански во Аеродром

 

6 ноември 2014 - 09:23