Таг: јувентус

Фотографија како показател за состојбата на италијанскиот фудбал

Меѓу едната и другата фотографија има 30 години. Првата е со многу легенди, а втората од мечот Сасуоло - Јувентус, одигран од пред десетина дена. Внимавајте на податоков: Јувентус во поле настапи без ниту еден италијански играч и тоа за прв пат во својата 128-годишна историја. Италијанец е единствено голманот Викарио. Да се вратиме на насловот.

Асистенција на резервниот голман на Јуве во стилот на Михајловиќ

Јуве го торпедираше нец со 5:0 во Лига Европа. Резултатот го отвори Нико Гонзалес уште во 8 минута на спектакуларно додавање на Камил Грабара, втор голман на Јуве кој на 25 август дојде на позајмица од Волфсбург. 27 годишниот Пољак стана прв голман на Јувентус со асистенција на деби настап.

Каква е оваа игра на Јуве во одбрана?

На социјалните мрежи на големо се коментира последниот гол на Јуве, со кој загуби од Сасуоло во 94-та минута. Го нарекуваат комичен скеч. Погледните ги прво играчите во средина, кои трчкаат и ги оставаат на цедило своите соиграчи да се бранат 2 на 3. Кулминација е играта на Керим Алајбеговиќ во дуел со Аџиќ. Катастрофално позиционирање.

Драмата на Сасуоло - Јуве која ја реши 20 годишен Црногорец

Сасуоло и Јувентус одиграа супер интересен натпревар во 4. коло од Серија А. До 65-та минута беше 0:0, а потоа паднаа дури 5 гола. Вистинската драма почна во 89-та минута кога домаќините поведоа со 2:1, за во 91-ва минута, Косоварот Едон Жегрова да го израмни резултатот. Точка на мечот во 94-та минута, стави Василије Аџиќ, детето на Јуве кое од летовото игра како позајмен играч во Сасуоло.

Утеха на сезоната во Серија А

Едните имаат седум европски титули, а последната им е во 2007-ма. Другите се двократни европски прваци, кои барем во поново време играа три финалиња. Во 2003-та загубија токму од Милан, а потоа во 2015-та и 2017-та се соочија против Барса и Реал. Нема утеха другари кога знаете дека Комо е појак.

Комо ќе игра во Лига на шампиони, Милан и Јуве ќе гледаат

Седумкратниот првак на Европа си ја уништи сезоната. Од прв на табела, на крај заврши петти после дебакл дома со Каљари (1:2). Во Лига Европа друштво ќе му прави Јуве. Комо, градче со 84.000 популација ќе има претставник во ЛШ за прв пат во историјата. Во елитата одат и Наполи и Рома.

Серија А е ова или кечери?

Јувентус го доби тешкото гостување против Болоња, триумф со кој ги поминаа на табела и сега се петти. Го имаме дуелот на годината меѓу Џон Лукуми и Франсиско Консеисао. Бурлески.

Стартните 11 на Јувентус кои играа во Серија Б

Сезоната 2006/2007 (како вчера да беше), Јувентус за прв пат во својата историја мораше да спадне во второлигашка конкуренција, поради скандалот со местење натпревари во време на Моџи, познат како Калчополи. Завршија први на табела со +6 пред Наполи и експресно се вратија во елитата. Погледнете ги овие големи имиња кои прифатија таков предизвик. Прв стрелец со 20 гола Алекс Дел Пјеро. Постои ли ваква верност во денешно време?

Падот на Јувентус: 380 милиони евра лоши инвестиции за три години

По оставката на Андреа Ањели на крајот од 2022 година, на тешката и одговорна функција дојде Џон Елкан. Но до пресвртница во клубот не дојде. Направи многу грешки, меѓу кои на трансфер пазарот, како и во изборот на тренери и раководни лица.

„Играв со Дел Пјеро, работев како шанкер, а сега се борам за живот“

„Ја држев цврсто раката на сопругата и ја замолив да се грижи за нашата ќерка. Ме вовлекоа во скандал со обложување, осум години подоцна бев ослободен, но тој инцидент ми го промени животот.“

19 годишен Црногорец со херојски еврогол го реши Интер во 91 минута

Дербито на Италија понуди спектакл во 3. коло од Серија А со 7 гола. Јувентус го совлада Интер со 4:3 и тоа со деби гол на Василије Аџиќ, дете родено 2006-та. Гостите имаа предност од 2:3 до 76 минута со двата прекрасни погодока на Чалханоглу и еден на Маркус Турам. Но, во 82-ра минута резултатот го израмни брат му Хефрен Турам, а потоа финишот во 91-ва минута беше лудило.

Сити му пукна петарда на Јуве, а Савињо испали проектил

По победите против Видад Казабланка и Ал Аин, Манчестер Сити го реши и Јувентус во 3. коло од Светското и тоа убедливо со 5:2. Стрелаа Доку, Калулу (автогол), Халанд, Фоден и Савињо, а за поразениот тим Копмајнерс и Влаховиќ. Бразилецот Савињо ја распали јако.

Му доаѓаат Јувентус на гости, а тој за нуклеарки на Иран им зборува

Сценава е полоша и од пласман во Конференциска лига.

Јуве ни два ни три, со пет комада го почна Светското

Ал Аин од Обединети Арапски Емирати налета на незгодна италијанска мина во првото коло од Б група на Светското клупско првенство. Во Вашингот пукна петарда зад која стојат Коло Муани и Консеисао како двојни стрелци и еднаш Јилдиз.

Наполитанец во студио им пука сеир на Милан и Јуве за елиминацијата

Не дека е ова Раи или некоја друга сериозна тв, но сепак имаат Италијанците многу вакви ликови на локални емисии направени за забава. Го знаете оној кој вришти на секој гол на Милан. Еве му конкуренција од Наполи.

Голчишта на дербито во Торино, 12-то реми на Јуве

Јувентус игра атипична сезона со дури 12 нерешени резултати после 19 кола во Серија А. Интересно, нема ниту еден пораз и во моментов е петти на -11 од Наполи. Имаме една хрватска и една турска мајсторија на градското дерби против Торино кое заврши 1:1. Кенан Јилдиз и Никола Влашиќ се стрелците кои го разубавија мечот.

Јуве има македонска поддршка и во Куп

Јувентус ја доби осминафиналната пресметка од Купот на Италија против Каљари со 4:0. Не знаеме дали и колку Македонци биле на Алијанц арената. За сега е познато само за извесна Ана Марија Ивановска.

Навивачка будалаштина на сезоната

Навивач на Јувентус ги ремети гостите од Венеција за високите количества на вода во нивните канали, кои надојдоа како резултат на климатските промени. Фали поширок кадар, да видиме, можеби и пераи има ставено.

Податок кој може ќе ви се најде за во кладилница

Екипи како Ливерпул, Интер и Баер Леверкузен сезонава имаат по еден пораз во првенство, Наполи и Реал по два, Барса три, Сити четири. Излезе статистика од топ 9 лигите, од единствените екипи кои немаат загубено натпревар. Јуве како претплатен на реми.

Колку сакам ќе свирам, не е ова театар

Си немал работа навивач на Јувентус на трибина, па почнал да му мрчи на друг навивач зошто свирел на сред натпревар, мислиш на балет се отидени, Оревокршачка. Овој прво го отера со пцовки, а потоа фати уште толку да свири по што заработи и аплаузи.

Кој сака нека е, ние со 3:0 отвораме сезона

Со головите на Самуел Мбангула, Тимоти Веа и Андреа Камбиасо, Јувентус успешно ги запали моторите во првото коло против Комо. Излезе интересен податок. Четири пати во последните пет сезони стартуваат со овој резултат. Некој да не ја фати точен?

Им фалеше Јуве

Италија е четирикратен светски и двократен европски првак. Читател ни прати евиденција за тоа по колку репрезентативци имал Јувентус кога ги постигнувале овие успеси. И во право е човекот. Спалети во прв тим против Швајцарија ги имаше Киеза и Фаџоли, против Шпанија и Албанија само Киеза, а против Хрватска ниту еден играч на Јуве во првите 11.

Еврогол на Милик, Јувентус се спаси од пораз после 3:0 за 8 минути

Спектакуларни 3:3 одиграа Болоња и Јувентус во нетипичниот почеделнички термин. Болоња имаше 3:0 до 76-та минута, но потоа целосно застана и на сцена стапија Киеза, Милик и 19 годишниот Кенан Јилдиз кои се 8 минута обезбедија бод. Јувентус за прв пат во историјата на Серија А останува непоразен после негатива од 3:0. Болоња 26 години ги бие малер, од 1998-ма ги нема добиено.

Будалаштина на денот на сметка на Јуве

Ова мора да е некој навивач на Интер или Милан или па можеби на Наполи. Како и да е, некој кој му наапан на Јувентус.